Иднината на гејмерската индустрија лежи во NFT

Објавено на 23.11.2021 18:40 во Рецензија


Иднината на гејмерската индустрија лежи во NFT

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ NFT остава голем простор за дигиталните уметници со цел креирање на уникатна содржина;
+ NFT е незаменлив и уникатен токен што има голем потенцијал за заработка;

 

Negatives:



Целата рецензија

Откако се појавија, NFT односно незаменливите токени, се вовлекоа во сите сегменти на дигиталното општество. За NFT (Non Fungible Token) се сметаат уметнички дела, твитови, оригиналниот код на World Wide Web, автограмите од познатите личности, речиси се што ќе понуди некој, а некој друг е спремен да го плати.

Сега NFT би можел да го пронајде тоа место и во светот на видео игрите. NFT се користи со цел да се продадат и да се купат дигитални облици на уметнички дела и колекционерски примероци. Тоа го препознаа и Electronic Arts, кои за својата популарна серија на игри, FIFA, на играчите им нуди различни колекционерски примероци, како во физички, така и во дигитален облик.

Извршниот директор на EA, Ендру Вилсон, во разговор со инвеститорите, истакнал дека NFT би можел да биде следниот чекор во развојот на игрите и дигиталното искуство за играчите надвор од самите видео игри. 

„Она што го знаеме за колекциите е дека со текот на времето тие стануваат повредни, доколку колекционерскиот предмет е во употреба. Во тој контекст видео игрите што ги создадовме и сервисите што ги нудиме, колекционерската дигитална содржина ќе игра главна улога во нашата иднина. Но, се уште е рано да зборуваме за тоа“, вели Вилсон.

Гејмерската платформа Steam е на другата страна со ставот. Тие забраниле користење на блокчејн и игри базирани на NFT на својата платформа, додека истовремено Epic Games оставаат отворен простор за такви игри.

Додека некои дизајнери на видео игри сметаат дека NFT е лош за видео игрите, другите се повеќе се отворени за такви нови идеи. Аналитичарот од индустријата за видео игри, Пирс Хардинг-Ролс, за BBC истакнал дека добра пракса меѓу студиите за изработка на видео игри е да набљудуваат што се случува на пазарот и да реагираат на време.

NFT веќе се користат и во спортската индустрија како нов облик на колекционерски примероци поврзани со популарните спортисти и спортски клубови. Така, поврзувањето со спортските видео игри и не е толку необично. Хардинг-Ролс предупредува дека постои цела низа на нешта за кои што треба да водиме сметка околу примената на NFT во индустријата на видео игрите. Пред се, колкава би била вредноста на NFT и како таа би се користела во контекст на различните издание на игрите, затоа што игрите како што се на пример, FIFA, имаат нова верзија секоја година.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.