Дали Крег Рајт стои зад култот на „Сатоши Накамото“, кој го смислил Bitcoin?

Објавено на 17.12.2021 13:27 во Рецензија


Дали Крег Рајт стои зад култот на „Сатоши Накамото“, кој го смислил Bitcoin?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Bitcoin е највредната криптовалута на пазарот;
+ Конечно откриен идендитетот на Сатоши Накамото;

 

Negatives:



Целата рецензија

Компјутерскиот научник Крег Рајт тврди дека го измислил Bitcoin. Тој покренал граѓанска постапка против компанијата на поранешниот починат партнер, кој тврдел дека му должи половина од вкупните Bitcoin валути, во која што победил и земал 50 милијарди долари.

Судската пресуда значи дека Рајт може да ги задржи систе 1,1 милион Bitcoin криптовалути. Компанијата на Дејвид Клејман, пријателот на Крег и соработник, кој што починал уште од 2013 година, тврдела на судот дека двајцата заедно го создале Bitcoin.

Рајт може да ја задржи својата ризница со Bitcoin, но сепак одлучил да плати 100 милиони долари оштета за неплатена интелектуална сопственост на компанијата W&K Information Defense Research, која што Клејман и Крег заедно ја основале.

Рајт веќе со години дека токму тој е Сатоши Накамото, што е всушност псевдоним на таинствениот креатор на најпопуларната криптовалута на светот - Bitcoin. Наведените 1,1 милион Bitcoin-и се меѓу првите Bitcoin-и стекнати со крипто рударење, додека експертите тврдат дека некој што е вмешан во Bitcoin од почетокот, секако имал пристап кон дигитален паричник, во кој што се наоѓа наведената ризница на Bitcoin-и, чија вредност се проценува на околу 54 милијарди долари.

На судењето не се одредувало прашањето за вистинскиот идентитет на Накамото, додека двете страни тврделе дека е Рајт токму тој или делумно или целосно одговорен за креирањето на Bitcoin-от.

Рајт сега веќе ќе пристапи кон спомнатиот дигитален паричник со 1,1 милион Bitcoin-и, што всушност би било и доказ сам по себе дека тој е навистина Сатоши Накамото. Адвокатите на компанијата W&K Information Defense Research се задоволни со пресудата и оштетата од 100 милиони долари.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.