Индијци на чело на најголемите американски компании

Објавено на 19.12.2021 17:36 во Рецензија


Индијци на чело на најголемите американски компании

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Џек Дорси беше последниот што ја изненади технолошката заедница кога го најави своето заминување од челната позиција на Twitter. Тој со години беше заштитно и препознатливо лице на компанијата и социјалните мрежи, а можеби поголемо изненадување од неговите отстапки од местото на извршен директор е името на личноста што ја именувал како свој наследник и која би требало да ја води компанијата во текот на следните години.сс

Освен за оние силно упатените во менаџментот во Twitter, Параг Агравал, е прилилно непознат за јавноста, иако станува збор за личност што работи во оваа компанија цела деценија. Во САД пристигнал од Индија, откако дипломирал на Индиско технолошкиот институт во Мумбаи. Пред да се вработи во Twitter, се запишал на докторски студии по филозофија и компјутерство на Стенфорд, а работел во Microsoft, Yahoo и AT&T, а од 2017 година станал извршен технолошки директор на Twitter.

Улогата на Параг Агравал значително се промени, затоа што како прв човек на популарната социјална мрежа константно ќе биде под око на јавноста и медиумите, кои ќе го следат секој негов потег. Му претстои голема работа, затоа што има за задача да го обезбеди растот на бројот на корисници и растот на приходи на Twitter и притоа ќе се борат со нештата како што се ширење на лажни информации и говор на омраза на истата мрежа.

Најпознати се Надела и Пичаи

Прилично интересно е тоа што на Twitter, веднаш после објавата на новиот извршен директор на Twitter, го коментирал извршниот директор Страјп Патрик Колисон, како и Илон Маск, дека Агравал е само еден во низата Индијци што ги преземале челните позиции на некои од најголемите американски технолошки компании.

Сатја Надела - Индиец, лие образование одлучил да го продолжи во САД, во 2014 година ја преземал позицијата на извршен директор на Microsoft. Во компанијата е од 1992 година и ги водел најважните проекти, при што транзицијата на компанијата шти радикално го променила работењето и меѓу другото се фокусирала на cloud и сервиси. Од неговото преземање на компанијата, вредноста на акциите неколку пати порасна и неодамна за кратко време Microsoft стана највредната компанија на светот по пазарна вредност, која што денес изнесува над 2,5 милијарди долари.

Сундар Пичаи - како и Агравал, после дипломирањето на индискиот универзитет, го продолжил своето образование на Стенфорд, а во Google се вработил во 2004 година. Со текот на годините пораснала и неговата улога во компанијата, со цел на крајот Лери Пејџ и Сергеј Брин да му го препуштат управувањето со Alphabet, кровната компанија што ги опфаќа Google и другите компании што претходно беа посебни оддели во Google.

Арвинд Кришна - неговата приказна е многу слична. Ја напуштил Индија со цел да го продолжи образованието во САД и во 1990 година се вработил во IBM. Посебно се издвојува неговиот придонес при најголемата аквизиција на компанијата во историјата - преземањето на Red Hat, тешка дури 34 милијарди долари. Во април 2020 година, стана извршен директор на IBM.


 
Шантан Нарајен - во САД пристигнал уште во 80-те години, а од крајот на 90-те се вработил во Adobe. Кон средината на 2000 година е именуван за претседател и оперативен извршен директор на компанијата, со цел од 2007 годиина да биде именуван за извршен директор на Adobe, на која позиција е до ден денеска. 

Ова се сигурно најпознатите имиња за пошироката јавност, но на тој список би можеле да ги додадеме и имињата како Никеш Арора, извршниот директор на Palo Alto Networks, Рагу Рагурам, извршниот директор на VMware и многу други.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.