Дигитална уметничка има само 12 години, а веќе заработила 5,7 милиони долари од NFT

Објавено на 30.12.2021 10:44 во Рецензија


Дигитална уметничка има само 12 години, а веќе заработила 5,7 милиони долари од NFT

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ NFT овозможува директна продажба на уметнички дела;
+ Посебен начин на експресионизам на уметниците во дигитална верзија;
+ Огромна заработка од уметноста на интернет;

 

Negatives:



Целата рецензија

Модерната технологија, крипто и NFT овозможиле некои нови и се до неодамна незамисливи начини на заработка. Парите кои што се свртуваат кон тој свет е голем и на многумина им е тешко да објаснат, односно да сфатат што е тајната на NFT.

Зошто луѓето се спремни да платат големи пари за NFT? Во одредени ситуации се работи за десетици милиони долари за дигитален запис или слика, кои и така бесплатно може да се преземат од интернет.

Стивен Кари

NFT патиките на Стивен Кари може да се носат само во Metaverse, а поскапи се од вистинските патики. Една од личностите што сврте милиони долари од NFT е Најла Хејс, дигиталната уметничка, која што со продажба на своите дигитални дела, досега заработила околу 5,7 милиони долари. Она по што се издвојува од многу нови NFT уметници, кои што на сличен начин свртеле милиони е по тоа што таа има само 12 години.

Нејзината работа е препознатлива пред јавноста, па така е избрана на листата на 50 највлијателни личности во технологијата, при што имала чест да направи дигитална колекција за Time Magazine, во која што прикажала 100 жени на годината од Time.

Хејс се прославила со дигиталните изработки со жени со долги вратови, со кои што почнала кога имала само 9 години. Посебно е интересен начинот на кој дошла до таа идеја. Кога го добила првиот телефон, баба и рекла дека на него треба да го нацрта она што сака да го работи. За себе рекла дека „сака да биде женско“, а во тоа време нејзиниот омилен диносаурус бил бронтосаурусот, кој има голем врат, па така одлучила да ги комбинира сликите на жените со диносаурусот со долг врат.

Интересната идеја резултирала со колекција на изработки таканаречени Long Neckies. По сугестија на нејзиниот чичко, своите дигитални уметнички дела почнала да ги продава како NFT со цел да бидат достапни кон што е можно поголем број на луѓе, но и со цел да ја заштити својата интелектуална сопственост преку блокчејн.

Нејзината колекција ја симболизира разноличноста и жените од цел свет, а пораката што ја испраќа е дека луѓето треба да се чувствуваат удобно во своја кожа. Тоа најмногу се однесува на девојките.

Што се однесува до иднината, Хејс сака да продолжи да ги инспирира другите и планира нови колекции со кои што ќе ги комбинира NFT делата, односно дигиталниот свет со физичкиот свет.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.