Samsung Galaxy Z Flip 3 5G: Елеганција, издржливост и мултитаскинг

Објавено на 11.01.2022 16:43 во Рецензија


Samsung Galaxy Z Flip 3 5G: Елеганција, издржливост и мултитаскинг

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Атрактивен и иновативен дизајн;
+ Усовршен преклопен механизам;
+ Вертикално преклопување - компактен за во џеб;
+ AMOLED екран со 120Hz;
+ Одличен мултитаскинг;
+ Одличен One UI 3.1.1 кориснички интерфејс;
+ Издржлива батерија;
+ Добра цена;
+ Android 11;
+ Брзи перформанси;
+ Брзо безжично и реверзибилно полнење;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung сериозно почна да загризува во сегментот на преклопни смартфони. Годинава настапи на сцената со Galaxy Z серијата: Flip3 и Fold3, ставајќи ја Note серијата во мирување засега. Имавме прилика да го тестираме Z Flip3 5G, кој има многу подобри перформанси во споредба со своите постари браќа. Новиот Samsung Galaxy Z Flip3 5G е многу поцврст, стабилен во раката и има поголем надворешен екран. 

Дизајн и механизам

При првото преклопување се чувствува мал отпор од механизмот за преклоп од тоа што не е користен уредот. Токму тој мал отпор е она што ветува многу во цврстината на добриот механизам, од кого се очекува многу. За неговата долготрајност дополнително има вградено и магнети што се поставени во рамката на телефонот, па така најдобро би било телефонот да не го држите во близина на картички, топло ни препорачува Samsung.

Samsung се потрудил Z Flip3 да изгледа навистина елегантно и дефинитивно има прекрасни бои и изгледа допадливо. Се преклопува вертикално, има мал екран кога го преклопувате, веднаш до главните камери. Малиот Super AMOLED дисплеј изнесува 1,9-инчи, на кој што може да гледате информации како што се пропуштени повици, примени пораки, различни известувања и часовникот, кои може да се користат и како кратенки до најчесто користените апликации. Исто така може да ја користите за селфи слики. Така може да ја одберете апликацијата што сакате да ја вклучите преку надворешниот екран.

Може да користите и диктафон, но треба да знаете дека за да може да ги користите сите алатки на апликацијата, сепак треба да го отворите телефонот. Samsung овде како дополнителна можност го истакнува фактот дека може да ја поставите позадината што корисникот ја посакува. Ова е корисна опција ако сакате да ја имате истата позадина на малиот и големиот екран.

Камера

Освен тоа, покрај екранот се наоѓа и двојната главна камера што може брзо да се активира со двоен клик на копчето за вклучување, односно исклучување на уредот и потоа да одберете режим за снимање. Тоа може да биде многу практично кога сакате брзо да снимате селфи или видео, а не сакате да го отворите самиот уред. Камерите се со резолуција од 12MP (широкоаголна и ултраширока) и солидно ја извршуваат својата задача. Селфи камерата се наоѓа внатре во самиот телефон, односно до неа се доаѓа кога телефонот ќе се расклопи. Се работи за 10MP камера, која што функционира одлично во мрачни услови и на дневна светлина. 

Слика без зумирање и сликад под текстот од истата локација со зумирање

Што се крие под елегантната површина

Кога го расклопувате Z Flip3, го откривате 6,7-инчениот динамички AMOLED екран со фреквенција на освежување од 120Hz, кој прилично добро ја прикажува сликата и на сончева светлина. Она што најмногу ни се допадна е фактот што кога телефонот е расклопен, функционира како класичен смартфон, затоа што делот каде што се преклопува не се познава, т.е. не е толку воочлив. Без грижи ќе сурфате на интернет и ќе гледате видеа.

Хардвер

Благодарение на Qualcomm Snapdragon 888 5G процесорот, во комбинација со Adreno 660 графичкиот чип, сите операции ќе течат беспрекорно, а 8GB RAM меморијата исто така е беспрекорна. Имате 128GB внатрешна меморија за вашите лични податоци, која што не можете да ја проширувате, но секогаш имате на располагање дополнителна меморија на cloud сервисите. Како што самото име кажува, Z Flip3 е спремен за 5G технологијата кога ќе се прошири инфраструктурно низ цела земја.

Софтвер

Што се однесува до самиот оперативен систем, Z Flip3 доаѓа со Android 11 и Samsung One UI 3.1.1 кориснички интерфејс, кој работи без никакви проблеми. Сите оние што барем еднаш имале Samsung телефон во рацете, лесно ќе се снајде со сите опции што се нудат. Она што треба да се истакне е можноста поврзана со самиот факт што се работи за преклопниот телефон, а тоа е споделување на екранот на два дела и користење на две апликации истовремено. За оние што сакаат мултитаскинг, ова е одлична прилика.

Батерија

Кога веќе спомнуваме мултитаскинг, треба да го истакнеме и траењето на батеријата. Колку и да се трудиме да ја потрошиме батеријата со различни опции на телефонот, батеријата без проблем издржа цел ден со тестирањето. Со покласично користење, ќе издржи и цели два дена. Телефонот е произведен за да се отвара и затвара и да се користи, а не само да служи како украс на масата. Капацитетот на батеријата изнесува 3300mAh, има брзо полнење со 15W, брзо безжично полнење од 10W и реверзибилно полнење од 4.5W. Дефинитивно вреди.

Заклучок

Нашето искуство е дека Z Flip3 е дефинитивно за вас, може да го собере во џеб и изгледа супер атрактивно. Дефинитивно го привлекува сечиј поглед. Не само што се работи за прекрасен преклопен смартфон што изгледа убаво, туку ни носи и прекрасен механизам што му овозможува флексибилност.

Samsung докажа дека може да се направи уште подобар и поусовршен преклопен телефон, што ќе издржи и во средба со мало дете. Визуелно не воодушеви со своите можност и го потврдува сето она што го очекувавме од Samsung. Ако сакате да имате иновативен телефон што привлекува внимание и сето она што го нуди вашиот смартфон, тогаш тоа е дефинитивно Samsung Galaxy Z Flip3 5G.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.