3D холограм наскоро ќе пристигне и кај смартфоните

Објавено на 16.01.2022 18:21 во Рецензија


3D холограм наскоро ќе пристигне и кај смартфоните

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ 3D Холограмот ја олеснува и подобрува комуникацијата;

 

Negatives:



Целата рецензија

Досега 3D холограмите беа базирани на методот на фазна холографија со користење на големи и специјализирани камери со поларизиран филтер. Корејските научници развиле технологија што може да креира холограми на мобилните уреди, како што се смартфоните.

Корејскиот институт за наука и технологија (KIST) објавил дека научниот тим предводен од д-р Мин-Чул Парк, успешно развил фотодиода, што ја открива поларизацијата на светлоста во светлосниот спектар што се наоѓа до инфрацрвениот спектар и без користење на дополнителни поларизациски филтри.

На тој начин направиле минијатурен сензор за холографските слики, за 3D холограми, користејќи 2D полупроводнички материјали - рениум дизеленид и волфрам дизеленид.

Фотодиодите ја претвараат светлоста во електрични сигнали и тие се клучни компоненти во пикселите на сензорот за слики во дигиталните камери и камерите на смартфоните. Наведувајќи ја способноста за осет на поларизацијата на светлината во сензорот за слика на обична камера, се обезбедуваат разновидни нови информации и така се овозможува складирање на 3D холограми.

Претходните камери со сензор за поларизација имаат дополнителен поларизациски филтер со големина од неколку стотици микрометри. Поради тоа не може да се вградат во преносливите електронски уреди, затоа што не може дополнително да се намалат.

Корејските научници развиле нова фотодиода за склопување на слоевите од н-тип на полупроводник, рениум дизеленид, кој ја демонстрира разликата во апсорбирањето на светлоста, во зависност од линеарниот агол за поларизација на светлост во делот на светлосниот спектар, кој е близок со инфрацрвениот спектар и п-типот на полупроводник, волфрам дизеленид, кој не покажува разлика во фото одговорот во зависност од поларизацијата, но овозможува супериорни перформанси.

Уредот се покажа одличен во фото-откривањето на различните бранови на светлоста, од ултравиолетовиот, близу од инфрацрвениот спектар. Дури е способен да открие и поларизациски карактеристики на светлоста во близина на инфрацрвениот спектар.

Корејските научници користеле уред за создавање на дигиталниот холографски сензор за слики, кој ги снима поларизациските карактеристики, со цел успешно да снима холограми.

Истражувањето во намалувањето и интеграцијата со индивидуалните елементи, потребно е во конечност да се намалат и холографските системи. Резултатот од нашето истражување ќе го постави темелот за идниот развој на минијатурните модули за холографски сензори за камерите, истакнува д-р До Хванг Кијунг.

Д-р Парк додава дека тој нов сензор може да отвори и нови прилики како што се 3D ноќните оптики и во полето на автономното возење и биотехнологијата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.