Џејмс Камерон: Skynet може да го покори светот со deepfake видео, без нуклеарно оружје

Објавено на 23.01.2022 20:09 во Рецензија


Џејмс Камерон: Skynet може да го покори светот со deepfake видео, без нуклеарно оружје

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Deepfake видеата се одлична алатка за филмовите со напредна технологија;

 

Negatives:

- Џејмс Камерон тврди дека не може да се контролира Deepfake технологијата;
- Deepfake технологијата е најмоќното оружје што може да се искористи за да се уништи човештвото;



Целата рецензија

Американскиот филмски режисер, Џејмс Камерон, е познат по тоа што во своите филмови најчесто користи напредна технологија. Доволно е само да се потсетите на Terminator или Avatar. Камерон за време на интервју ги спомнал deepfake видеата, но и иднината за користење на вештачката интелигенција.

„Речиси се што направивме, во еден момент тргна во погрешен правец. Притоа мислам и на напредните визуелни ефекти.Нашата цел беше фотографиите да бидат што е можно поубедливи. Така, секогаш кога ќе ги подобриме тие алатки, всушност креираме алатки што може да се користат за креирање на лажни видеа и фотографии“, вели Камерон.

Додава дека алатките што се користат моментално во облик на апликации, не се совршени. Со текот на времето тоа ќе се промени и ќе стане проблем. 

„Проблем е тоа што се осврнуваме на видеото. Вестите се случуваат многу брзо и луѓето реагираат брзо на нив. Најдобар пример е Арапската пролет, која почна преку социјалните мрежи и речиси преку ноќ се претвори во движење што го зафати целиот арапски свет“, истакнува Камерон.

Затоа смета дека единствениот начин за спас е луѓето да се борат против deepfake видеата, преку критичко размислување. 

Многу важно според него е од каде ја знаеме веста. Имаме цела низа алатки што може да се користат со цел да провериме некоја информација. Треба да ги користиме, да ги препознаеме изворите, да ги истражиме изворите, дали тие извори се веродостојни. Освен тоа, треба да престанеме да веруваме и на лудите теории на заговор, вели Камерон.

Научната заедница, кога некој научник ќе ја објави својата работа, не вели - супер. Не, тој мора да направи ревизија, другите мора да проверат дали неговите податоци и заклучоци се правилни. Но, човечкиот ум поради некоја причина ги сака нештата што се полесни, додава Камерон.

„Видете, секогаш сум скептичен околу новите технологии и убеден сум дека секој напредок во технологијата може да се претвори во некој вид на оружје. Бидејќи, истражување во финансирањето или многу богатите луѓе или војската. Значи, ако развивате вештачка интелигенција, таа на крајот ќе биде или алчна, или смртоносна“, саркастично одговара Камерон.

Тој се осврнува на својот популарен филм Terminator и вештачката интелигенција Skynet, која што во еден момент одлучи да ги избрише луѓето од лицето на Земјата. Ако вештачката интелигенција одлучи да не избрише нас од лицето на Земјата, тоа би било многу поедноставно, одошто мислиме. Не мора да ја избрише целата биосфера и нашата околина со нуклеарно оружје. Би било многу поедноставно и полесно да не свртат едни против други. 

„Се што Skynet може да направи е да креира низа deepfake видеа со познати луѓе и да ги спротивстави едни кон други. Едноставно кажано, доволно би било да се направи deepfake со целото човештво“, објаснува продуцентот.

Со оглед на тоа што веќе може да пронајдете алатки на интернет што креираат прилично убедливи deepfake видеа, изгледа дека навистина ќе мора да станеме внимателни кога станува збор за она што го гледаме и она во што веруваме. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.