Изнајмување чадори преку апликација: Најлоша бизнис идеја или профитабилен бизнис

Објавено на 26.01.2022 10:54 во Рецензија


Изнајмување чадори преку апликација: Најлоша бизнис идеја или профитабилен бизнис

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Двострана корист за чадорите и за корисниците;

 

Negatives:



Целата рецензија

Пред пет години компанијата BrellaBox се обидела на Shark Tank да го турне својот проект за изнајмување на чадори за дожд на сличен начин што се изнајмуваат електрични скутери и велосипеди. Цената на наемот за 12 часа изнесувала 1,5 долари, ама само за првите 12 часа. Познат бизнисмен на Shark Tank коментирал дека идејата за изнајмување на чадори е можеби една од најлошите бизнис идеи за кои што слушнал.

Тоа не го обесхрабрило кинескиот стартап, кој година дена подоцна покренал сличен бизнис, па само за една недела останале без речиси сите 300 илјади чадори, што се изнајмувале низ кинеските градови.

Минатата година стартапот Rentbrella исто така се упати во сличен бизнис потфат и во Њујорк започнале бизнис со изнајмување на чадори преку апликација. На одредени позиции во градот поставиле специјални киосци, на кои чадорите може да се изнајмат, но претходно треба да се отклучат преку апликацијата, за што е потребна претходна регистрација.

Принципот на функционирање на Rentbrella е интересен, затоа што наемот на чадорите е бесплатен во првите 24 часа. Кога ќе почне да паѓа дожд, наместо купување на нов чадор, може да се земе чадорот од посебен киоск и ако се врати следниот ден, не треба да го платите неговото користење. Ако го вратите за повеќе од еден ден, тогаш треба да платите 2 долара, но ако задоцните уште 2 дена, тогаш ќе треба да доплатите уште два долара. Ако не го вратите во тој период од 3 дена (значи бесплатните 24 часа и уште 2 дена по 2 долара), тогаш веднаш се прави налог за преземање на 16 долари од сметката на корисникот, со што тие и стануваат сопственици на тие чадори.

Со оглед на тоа што од два долара на ден не може да се заработат доволно пари и со цел нивниот бизнис биде одржлив, во овој стартап веруваат дека пари може да се заработат од рекламирање на чадори и киосци. Сличен таков проект е започнат во Сан Паоло и благодарение на плаќањето на рекламите на една осигурителна компанија, бизнисот е денес профитабилен. Во Rentbrella се надеваат дека истото може да се направи и со нивниот бизнис во Њујорк, еднаш кога ќе имаат сто станици со чадори, за кои што се планира да се распоредат и на станицата на подземните железници. 

Што се однесува до плановите за оваа година, тие вклучуваат и ширење низ Европа. На почетокот на оваа година прво во Лондон, а дополнително и во други европски и американски градови. За плановите за ширење добиле 7 милиони долари, за кои Rentbrella ги вложиле инвеститорите од Бразил.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.