Трендови што ни ги носи 2022 година во дизајнот

Објавено на 31.01.2022 06:15 во Рецензија


Трендови што ни ги носи 2022 година во дизајнот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Иновации во областа на телевизијата;
+ Персонализирање на вкусот за сечија уметничка душа;

 

Negatives:



Целата рецензија

За технолошките ентузијасти во вас може да биде прилично голем предизвик за да ја усогласите омилената технологија и уредувањето на просторот во вашиот дом. Најчесто мора да се сосредоточите или на пристапноста или на стилот на вашиот простор, особено ако имате ограничен буџет. Едното не мора да го исклучи другото, особено ако се праша Samsung, кој забележат дека технологијата станува се поважна за нашите домови.

Кружен дизајн во 360 степени

Ако го уредувате станот според open space принципот, а понекогаш сакате приватност, тогаш мобилната технологија ви е доволна. За разлика од традиционалните телевизори, кои со години стојат на истата комода, својот дом може да го збогатите со преносниот модел како што е Samsung The Serif. Неговиот елегантен метален држач со едноставно одвојување на ножиците, овозможува неограничени можности за поставување, а покрај својот специфичен, кружен дизајн, се вклопува во секој дел од вашиот отворен простор. Може да го тргнете од металниот држач и да го поставите било каде во просторот, со оглед на тоа што прекрасно изгледа од сите страни. Дури и кога е исклучен, благодарение на современата технологија, The Serif има опција за амбиентален начин на работа, со два ексклузивни примерока, инспирирани од светот на природата и боите што може да се менуваат во зависност од расположението, со понуда од смирувачки мелодии во позадина.

Ротирачка слика што креира динамика

Дополнително, токму кружниот облик се нагласува како најпопуларен пристап во 2022 година. Втората опција што може да ја одберете е Samsung The Sero, чиј ротирачки екран може да се прилагоди кон потребите на корисниците. Така може да го држите хоризонтално додека гледате филм или вертикално, додека ги прегледувате своите социјални мрежи. Само еден допир на рамката може да го поврзете со својот смартфон и да добиете навистина голем екран за скролање. The Sero телевизорот незабележливо се спојува со просторот. Може да одберете пет режими на работа, па така вашиот телевизор може да стане часовник, постер, фотографија, звучен ѕид или кино. Специјален додаток е 4K квалитетот на сликата, па и ако ги гледате своите фотографии, тие не ја користат често таа технологија.

Телевизорот како уметничко дело

Дизајнерите го истакнуваат новиот поедноставен дизајн, затоа што белиот скандинавски дизајн излегува од мода. Уникатните технолошки уметнички дела се кријат во телевизорите на Samsung. Телевизорите за уметнички души служат како телевизори кога се вклучени, а кога ќе ги исклучите добивате вистински музејски примероци. Samsung The Frame се одликува со исклучително елегантен дизајн и магнетна рамка, поради што изгледа како сликата на ѕидот и овозможува персонализација на изгледот.

Така може да се одлучите за Slim Fit ѕиден држач, а ако сакате да имате вистинско уметничко дело на ѕидот, тогаш ќе имате избор да одберете од 1400 музејски примероци, што ви ги нуди Art Store продавницата. Телевизорите денеска се важен дел од врвната технологија и врвниот дизајнерски додаток, додека идеалниот модел за секој тип дома може да го пронајдете меѓу Samsung Lifestyle телевизорите.

Моделот The Frame нуди широк избор на прилагодливи рамки во повеќе бои. Прилагодливите рамки може да ги купите посебно, и лесно може да ги промените затоа што содржат магнети во себе. Така може да имате не само различно уметничко дело на екранот, туку и нова боја на рамките. The Frame доаѓа во повеќе димензии, па освен на ѕидот, може да го држите и на сликарска сталка. Благодарение на Samsung Quantum Dot технологијата, боите имаат 100% тридимензионален опсег, додека Dual LED технологијата го зголемува контрастот на основа на температурата со позадинско осветлување, поради постигнување на совршен тон. Со спојување на овие две технологии се добиваат неверојатно реалистични бои, кои дури и под широк агол на гледање го задржуваат богатството на деталите и текстурата. На екранот преку USB може да пренесете и некоја сопствена фотографија, преку која може да провлечете и еден од шесте филтри.

Технологијата како мисла што води кон уредување на вашиот интериер

Технологијата денес е дел од ентериерот како што е дизајнерскиот мебел, кој се интегрира како слики на ѕидот или додавање на бои во просторот. Да ја споите модерната технологија и стилското уредување дома е се поедноставно, а со изборот на врвната технологија, може да бидете сигурни дека се ќе биде функционално и убаво.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.