Млад Германец открил пропуст во автомобилите на Tesla

Објавено на 14.02.2022 21:22 во Рецензија


Млад Германец открил пропуст во автомобилите на Tesla

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Зголемена безбедност после откривањето на пропустот од страна на младиот германски софтверски генијалец;

 

Negatives:

- Голем пропуст поради отворен код во софтверот на возилата;



Целата рецензија

Млад Германец открил безбедносен пропуст во автомобилите на Tesla: „Можев да видам каде се наоѓа автомобилот и да го стартувам без клуч“. 19-годишниот Дејвид Коломбо го изненади светот кога објави дека благодарение на безбедносниот пропуст успеал да хакира над 25 автомобили на Tesla низ цел свет.

Младиот Германец го напуштил училиштето за дополнително да се едуцира во областа на кибернетската безбедност и сега води сопствена компанија за кибернетска безбедност. На својот блог детално објаснил како успеал да влезе во системот што требало да биде посебно обезбеден и тоа благодарение на безбедносниот пропуст во популарната алатка со отворен код „TeslaMate“, која одбележува се што се случува во одреден автомобил на Tesla.

Прво напишал на Twitter за овој пропуст, но без дополнителни детали. Бил коректен и почекал за ранливоста во алатките да се исправи, со цел да не ги загрози возачите на Tesla низ цел свет. Открил прво дека може да го оневозможи "Sentry Mode" (безбедносна опција што користи камери за надгледување на околината на автомобилот) без знаење на возачот, да ја отвори и затвори вратата на автомобилот и да го стартува моторот без клуч. Дури кога потврдил дека ранливоста е поправена, детално опишал што открил и како можело тоа да се злоупотреби за хакирање на автомобилите на Tesla.

Предупредува дека таков безбедносен пропуст е исклучително опасен. Не само што може да доведе до неовластена употреба на возилото, туку може да види и каде точно се наоѓа автомобилот и дали возачот е во него, како и дали би можело да има потенцијално опасни ситуации на патиштата.

Во моментот кога го открил овој проблем, веднаш ги известил авторите на TeslaMate, кои за неколку часа инсталирале закрпа со која што се спречило искористување на оваа ранливост. Екипата на Tesla што реагирала, ги известила загрозените корисници (кои што Коломбо ги идентификувал), со што се спречило понатамошна злоупотреба на возилата на Teslа.

Заклучок

Коломбо за крај истакнува дека безбедносниот пропуст не настанал поради пропуст на софтверските инженери на Tesla, туку поради фактот што сопствениците на возилата користат софтвер со отворен код, направен од некој друг, а притоа не водат сметка за сите безбедносни мерки што мора да ги преземаат.

Тој ги предупредува сите Tesla возачи да водат сметка за алатките и програмите што ги користат, редовно да ги ажурираат и ништо важно да не ставаат на интернет, со цел да не станат лесна мета на хакерите.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.