Lamborghini влегува во светот на NFT, и тоа со стил

Објавено на 17.02.2022 07:28 во Рецензија


Lamborghini влегува во светот на NFT, и тоа со стил

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Lamborghini влегува со стил во светот на незаменливите токени;

 

Negatives:



Целата рецензија

Италијанскиот производител на автомобили е во транзиција, затоа што преминува кон хибридни и електрични спортски автомобили. Аукцијата за NFT веќе започна, а NFT делата се креирани со швајцарскиот уметник Фабијан Ефнер, со што се одржа NFT Pro со Sotheby's, една од најпознатите аукциски куќи.

Сликата на Офнер е понудена на продажба како NFT, а на нејзе има Lamborghini како се разложува на основните компоненти, додека брза низ вселената. Станува збор за се, само не за аматерски дизајн, во споредба со многу популарни NFT слики, како што е на пример серијата Bored Ape. Ова го отвара прашањето како ова NFT на Lamborghini ќе го прифати крипто заедницата.

Секоја аукција ќе добие специјално дизајниран и потпишан Samsung 65" Frame TV со голема слика од уметничките дела на Фабијан Офнер.

Победниците на аукцијата добиваат специјално обоена рамка за телевизор. 

Офнер детално ги проучил инженерските планови на Lamborghini Aventador Ultimae и изработил прецизна скица како ќе изгледа конечната слика. Врз основа на таа скица, Lamborghini ги спремил сите потребни делови и компоненти на Ultimae, спремни за производство.

Деловите потоа ги фотографирале Офнер и неговиот тим, во импровизирано фото студио со производна линија во фабриката Lamborghini во Сант Агатан Болоњезе. Офнер и неговиот тим повеќе од 2 месеца го креирале моментот, кој што е пократок и од трепкањето на окото, опишуваат од Lamborghini.

Lamborghini исто така продава и сет на „вселенски клучеви“ од карбонски влакна, кои што компанијата ги испратила на Меѓународната вселенска станица уште од 2020 година, како дел од заедничкото истражување на проектот. Lamborghini тврди дека првиот производител на автомобили на светот, кој што ги испратил своите развиени и произведени компоненти на ISS во научни цели. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.