„Таткото на iPod“ ги советува дизајнерите: Креирајте производи што на секој ќе му даде супермоќи

Објавено на 20.02.2022 19:34 во Рецензија


„Таткото на iPod“ ги советува дизајнерите: Креирајте производи што на секој ќе му даде супермоќи

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ iPod-от е креиран од Тони Фадел;
+ Apple прв во светот креираше производ од таков тип;

 

Negatives:



Целата рецензија

Името Тони Фадел им е добро познато на сите љубители на Apple, како и малку подобрите познавачи на технологијата. Иако на почетокот на својата кариера бил прилично неуспешен бизнисмен, самиот признава дека компанијата што ја основал во 90-те години имала 80 излагања пред инвеститорите и фондовите и секој пат била одбиена. Неговиот живот се променил кога го запознал Стив Џобс.

На првиот човек на Apple му се допаднала идејата на Фадел за мал музички плеер со хард диск и онлајн продавница за музика, која што Apple на крајот на претворил во реалност. Оттогаш, многумина го нарекуваат Фадел „таткото на iPod“.

Тој неодамна гостувал на Slush 21 панелот, на кој што зборувал за проблемите со кои што се соочуваат бизнисмените при развој и дизајнот на новите производи. Нивниот пристап кон дизајнот, рекол тој, се базира на погрешни приоритети.

Она што е од најголема важност при размислувањето и дизајнирањето на новите производи, е сфаќањето што им треба на луѓето или што ќе им треба. 

„Мора да бидете сигурни дека решавате проблем што почнува да ги мачи луѓето“, вели Тони Фадел

Не е дека вие сте подраниле дури 20 години со овој производ, туку на луѓето што ги купуваат овие производи, мора да им биде јасно какви проблеми се обидувате да решите, дури и доколку веќе постои таа технологија.

Младите бизнисмени што сега почнуваат со отварање на бизниси и развој на производи, советува да се фокусираат на создавање на нешто големо, што на секоја личност ќе и дадат супермоќ, а не на развој на производи со кои што сакаат да ги импресионираат инженерите.

Гостувањето на панелот, Фадел го искористил и за претставувањето на својот прирачник за следната генерација на дизајнери за производи што ќе се продаваат во мај, 2022 година. Не објавил многу детали за прирачникот, но нагласува дека станува збор за креирање на нешта што се вредни за нивната изработка.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.