Дали на Bitcoin деновите му се изброени и зошто!?

Објавено на 24.02.2022 07:30 во Рецензија


Дали на Bitcoin деновите му се изброени и зошто!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Блокчејн технологијата како предност за модерното општество со неверојатно брзи трансакции;

 

Negatives:

- Блокчејнот на Bitcoin е неефикасен и испушта многу јаглерод во воздухот;
- Bitcoin нема иднина со вредноста;



Целата рецензија

Многу комплицирано е да се предвиди како ќе изгледа пазарот со криптовалути за 2-3 години и каква ќе биде вредноста на криптовалутите со највисока вредност на пазарот моментално, на пример bitcoin-от. Многу луѓе ги вложиле животните заштеди во bitcoin, па така некои се збогатија, а дел се осиромашиле затоа што купувале повисоки цени, а продавале по ниски цени од страв да не влезат во уште поголем минус.

Тешко е да се прогнозира движењето на крипто пазарот, особено кога bitcoin е во прашање, кој ја диктира вредноста на сите криптовалути на пазарот. После голем пад, следува голем раст, и обратно. Секогаш е така. 

Професорот по меѓународна трговска политика Есвар Прасад од Cornell University, вредноста на bitcoin во некоја блиска иднина би можела да се стопи. „Bitcoin можеби нема веќе толку долго да трае“, вели тој во разговор за CNBC. Треба да се нагласи дека притоа не мисли на сите криптовалути и криптопазарот, туку конкретно на bitcoin и ги објаснува причините за својот песимизам.

Прасад го гледа проблемот во начинот на кој bitcoin ја искористува блокчејн технологијата, која што лежи во позадина на повеќето криптовалути. Тој смета дека bitcoin не го искористува блокчејнот доволно ефикасно и користи механизам за потврда на трансакции, кој што е деструктивен за околината и не се скалира доволно добро. Имено, некои истражувања покажуваат дека годишната емисија на јаглерод од електричната енергија, потребен за рударење на криптовалути, е поголем во споредба со јаглеродот на цел Нов Зеланд.

Тоа е огромен проблем, особено во време кога сите зборуваат за намалување на емисијата на јаглерод во воздухот, кога борбата против климатските промени стана еден од приоритетите. Од друга страна, денес постојат стотици различни криптовалути и многумина од нив, поефикасно го користат блокчејнот, при што емисијата на јаглерод е многу помала. 

Се верува дека на крилата на блокчејнот може да очекуваме радикални промени на финансискиот пазар и при секојдневните трансакции како што е купувањето на куќа, автомобил и слично. Притоа не се мисли на самиот bitcoin. Најпопуларната криптовалута во денешно време, во иднина нема да има некоја фундаментална вредност покрај оние криптовалути, во кои што инвеститорите веруваат повеќе, смета Прасад. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.