Huawei Watch 3: Смартчасовник со кој што смартфонот нема да ви треба

Објавено на 14.03.2022 20:15 во Рецензија


Huawei Watch 3: Смартчасовник со кој што смартфонот нема да ви треба

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Брзо полнење и долготрајност на батеријата;
+ Прифатлива цена;
+ Тркалце што може да се притиска како копче и се користи за брзо одбирање на функции;
+ eSIM картичка и LTE поддршка;
+ Безжично полнење;
+ Голем избор на лица;
+ Мерење на отчукувања на срце, температура и кислород;
+ Голем избор на режими за вежбање;
+ Функција за брзо одговарање на повик со стегање на дланката;

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei Watch 3 е доказ дека компанијата ги послушува своите корисници и го става својот акцент на хардверот и софтверот. Watch 3 е првиот Huawei часовник со Harmony OS оперативен систем, развиен во самиот Huawei. Нуди многу новитети и опции, како на пример, корисниците сега може сами да ги одберат апликациите што сакаат да ги инсталираат на часовникот преку продавницата AppGallery.

Дизајн

Првото нешто што го забележувате е тркалцето од десната страна на часовникот, кое што истовремено функционира како копче и тркалце за ракување со менито. Huawei одлучиле да им дадат избор на корисниците - дали сакаат апликациите да им бидат распоредени како во класично мени, една под друга или пак во облик на мрежа, при што тркалцето игра голема улога, затоа што овозможува зумирање и избор на апликации, дури и за оние што имаат големи прсти.

Освен тркалцето, од страната има и копче на кое што корисникот сам може да ја дефинира улогата. Може да одберете режим за вежбање, при што Watch 3 поддржува автоматско следење од почетокот на вежбите, па така ќе почне со одбележување на вашите резултати штом детектира дека се занимавате со некоја физичка активност.

Податоците за тоа колку сме биле физички активни, како сме спиеле, какви ни се отчукувањата на срцето, температурата или заситеноста со кислород, се наоѓаат и во Huawei Health апликацијата, која што воедно се користи и за управување со часовникот. Така во апликацијата може да ја проверите состојбата на батеријата, да управувате со апликацијата на часовникот, eSIM картичка, затоа што Watch 3 поддржува и LTE, но и го ажурира оперативниот систем на часовникот или едноставно го променува неговиот изглед.

Во Huawei се потрудиле да обезбедат навистина голем избор на лица за смартчасовник. Така секој може да одбере лице што најдобро ќе одговара на неговото моментално расположение. Некои лица се бесплатни, некои се плаќаат, но најважно е кое колку троши батерија.

Батерија

Смартчасовникот пристигнува комплет со полнач и може за час и половина да се наполни целосно, но со дваесет минути полнење овозможува батеријата да издржи цел ден. Ако заборавите да го наполните часовникот или пак одите на пат без полначот, може да го наполните и по безжичен пат. Доволно е да го ставите на безжичен полнач или на смартфон што поддржува безжично полнење од други уреди и да го наполните.

Со вклучено WiFi, NFC, со лице што троши повеќе батерија, со активација на екранот кога ја подигнувате раката, со прилично голем број на известувања за пораките, кои што може да ги прочитате на екранот, но не и да одговорите на нив, повици на кои што може да одговорите и директно од часовникот или пак да ја испратите однапред предвидената порака, батеријата издржува до два ипол дена. Со вклучено штедење на енергија и исклучени дополнителни опции за поврзување, батеријата ќе трае и повеќе од една недела.

Она што ќе ви се допадне особено се гестовите што часовникот ги препознава. Така можете да одговорите на телефонски повик со брзо стискање на дланката. Кога сте на работа или возите автомобил, или пак рацете ви се влажни, ова е генијален начин како брзо да одговорите на повик.

Спецификации

Huawei Watch 3 располага со 1,43-инчен AMOLED екран, доволно голем за лесно да можеме да прочитаме порака кој не повикува. Уредот доаѓа со 2GB RAM меморија и 16GB ROM меморија, што значи дека ќе може да си снимате музика без да го поврзувате со вашиот смартфон или едноставно да инсталирате уште апликации. Huawei тврди дека часовникот има водоотпорност до 5 ATM, но тоа не ни е тестирано. 

Заклучок

Huawei навистина завршил одлична работа, вградил толку многу опции во Watch 3, што и после една недела користење, откриваме нешто ново. И покрај тоа што користи Harmony OS, немате чувство дека користите нов оперативен систем. Поврзувањето со Android и iOS, функционира без никакви проблеми преку Huawei Health апликацијата, кој што може да се поврзе и со FreeBuds 4 и може да го користите дури и кога телефонот ви е дома.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.