Како да инсталирате Google апликации на Huawei P50 Pro

Објавено на 22.03.2022 12:59 во Рецензија


Како да инсталирате Google апликации на Huawei P50 Pro

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Безбедно може да инсталирате Google апликации на Huawei смартфон со AppGallery продавница;

 

Negatives:



Целата рецензија

Доналд Трамп го стави Huawei на црната листа, па затоа новите смарт уреди на кинескиот бренд немаат пристап кон сервисите на Google. Сепак, тоа ги врати малку назад, но не ги спречува глобално да ги освојуваат пазарите.

Актуелните модели на Huawei, како што е P50 Pro, го користат оперативниот систем на Huawei и сите останати сервиси. Тоа воедно значи и дека не доаѓаат со прединсталирани апликации на Google. Ако спаѓате во оној дел на светот зависен од YouTube, Gmail или Google Maps, тоа може да не ви се чини како пресуден факт при одбирањето на овој модел.

Што ако ви кажеме дека можете нормално да ги користите апликациите на Google на вашите Huawei уреди, а да не ви е потребно за тоа ниту едно познавање за програмирање, ниту многу време, а нема ниту да ја загрозите безбедноста на уредот.

Пред се треба да се спомне дека пристапот кон Google сервисите, како што се оние на електронска пошта или мапите, може без никаква инсталација на апликации, преку интернет прелистувачот, исто како што пристапувате преку вашиот персонален компјутер.

Ако сакате да ги инсталирате апликациите на Google на својот уред, може и тоа. Пред се, проверете дали имате доволно простор на својот уред, ви требаат барем 200MB слободен простор за да функционира. 

Ви требаат 5-10 минути. Проверете дали вашиот оперативен систем е ажуриран и сите други апликации што ги имате. Во AppGallery, продавницата за апликации на Huawei, внесете "GSpace" во пребарувачот и одберете инсталација на овие апликации.

После успешната апликација што трае неколку моменти, ќе ви се отвори прозорец што ќе може да препознаете бројни апликации што спаѓаат во екосистемот на Google и некои дополнителни. Одберете ја апликацијата што сакате да ја инсталирате, на пример Gmail, и ќе ви се отвори прозорецот што ве води кон добро познатата Google Play продавница за апликации. Логирајте се со својот Google профил и инсталирајте го Gmail. 

Потоа ви преостанува да почекате апликациите да се преземат, внесете ги своите кориснички податоци и можете да го користите Gmail, без проблем.

Ве предупредуваме дека за користење на Google апликациите нема да имате иконка кон работната површина на уредот, туку вие ќе мора да влезете во Gspace апликацијата. Известувањата за новите примени пораки ќе бидат уредно видливи и во облик на иконки и во облик на известувања на заклучениот екран.

Ние не наидовме на никакви проблеми при инсталацијата или ваквото користење на Google апликациите. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.