Samsung е победник во оваа категорија: Колку зрачење содржат популарните смартфони

Објавено на 19.04.2022 13:00 во Рецензија


Samsung е победник во оваа категорија: Колку зрачење содржат популарните смартфони

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Најниско зрачење има Samsung Galaxy Note 10+ ;

 

Negatives:

- Највисоко зрачење има Motorola Edge;



Целата рецензија

Смартфоните станаа составен дел од нашето секојдневие. Од работа, училиште до дневни задачи, овие лесно преносливи уреди ни овозможија да држиме буквално се во нашата дланка.

Повеќето луѓе поминуваат од 5-6 часа на своите смартфони секојдневно. Со оглед на тоа што нашите телефони емитуваат мала количина на радијација, сите ние сме изложени секојдневно на зрачење.

Некои телефони се со помалку, а некои се со повеќе зрачење

Со помош на информациите од German Federal Office of Radiation Protection, можеме визуелно да погледнеме колку зрачење испуштаат најпопуларните смартфони на пазарот денес.

Зрачење и SAR вредности на смартфоните

Смартфоните и другите мобилни уреди емитуваат мали количини на на радиофреквентно зрачење (RF). Луѓето може да ја примаат оваа радијација кога го ракуваат својот смартфон или кога смартфонот е близу до нивните тела. 

Параметарот што се користи за да се измери радијацијата на телефонот е таканаречената Specific Absorption Rate (SAR). Се работи за единица мерка што ја претставува количината на електромагнетна енергија, што ја прима телото додека употребуваме мобилен уред.

Советот на Европската унија ги постави стандардите за радијација за мобилните телефони на 2 вати по килограм, измерени преку 10 грама ткиво кое апсорбира најмногу сигнал.

Вредностите на SAR се пресметуваат преку увото (зборување на телефон) и преку телото (додека го чувате во вашиот џеб). За целите на овој извештај, користени се претходните пресметки.

Највисоко ниво на зрачење кај смартфоните

Motorola Edge има највисоко ниво на зрачење, пресметано со вредностите на SAR, со 1.79 вати радијација од килограм. Тоа е многу повисоко ниво во споредба со другите модели на смартфони на пазарот денеска и најблизу до границите, поставени од Европската Унија за мобилните телефони.

На второ место е ZTE Axon 11 5G со 1.59 радијација, после него е OnePlus 6T со 1.55 вати/килограм. Sony Experia AX2 Plus има 1.41в/к, Google Pixel 3 XL и 3A XL се со 1.39 в/к. Погледнете ги првите 10 смартфони, што емитуваат највисоко ниво на радијација:

Смартфоните со највисоко ниво на зрачење се:

Смартфони со најниско ниво на зрачење

Смартфонот со најниско ниво на зрачење е ZTE Blade V10, со 0.13 в/к. Четири мобилни уреди на Samsung имаат најнизок степен на радијација, од кои Galaxy Note 10+ е најдобриот смартфон во оваа категорија, со 0.19 в/к. 

Погледнете кои се топ 10 смартфони со најнизок степен на зрачење:

Моментално не постојат подетални истражувања за зрачење, што докажуваат потенцијални штетни влијанија врз здравјето на човекот. И покрај сето ова, луѓето што се во контакт со нивните уреди подолг период, можат барем да ја измерат својата изложеност на радијација и да направат избор за тоа кои брендови ги задоволуваат нивните потреби.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.