Xiaomi Redmi Note 11 Pro+ 5G: Екстра перформанси, одлична камера и прифатлива цена

Објавено на 21.04.2022 13:17 во Рецензија


Xiaomi Redmi Note 11 Pro+ 5G: Екстра перформанси, одлична камера и прифатлива цена

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.8


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Gorilla Glass 5 заштита на предниот панел;
+ Привлечен и чист дизајн;
+ Голем дисплеј и точност на боите;
+ 120Hz стапка на освежување;
+ Интуитивен интерфејс, лесен за употреба, со две големи надградби;
+ Одлична камера со одлично селфи фотографирање;
+ 120W полнење на батеријата;

 

Negatives:

- Стар интерфејс



Целата рецензија

Xiaomi го објави еден од најдобрите евтини смартфони на пазарот претходната година - Redmi Note 10 Pro+. Се работи за уред со врвен квалитет и перформанси со прифатлива цена. Redmi Note 11 Pro+ 5G . Ајде да видиме во продолжение одоздола што можеме да очекуваме од овој смартфон.

Дизајн

Едноставен и чист дизајн, привлечен со формата и боите, прекрасно парче од технологија. Димензиите на телефонот се 163.65 x 76.19 x 8.34 милиметри и тежи 204 грами. Дизајнот е дефинитивно класика со прекрасна нота на бои со Star Blue и Graphite Gray. Телото на Redmi Note 11 Pro+ е изработено од пластична рамка и стаклен заден панел, што врши пристојна работа. Од предната страна има заштита со Gorilla Glass 5, дупка во екранот на предната камера и IP53 сертификат, што значи водоотпорност и отпорност на прашина.

Од десната страна на телефонот, ќе го откриете копчето за вклучување/исклучување, кое воедно служи и како скенер за отпечатоци на прсти. Во кутијата на Redmi Note 11 Pro+ имате полнач од 120W (ова е навистина вредно за се поклониме) USB-C to USB-C кабел за полнење и проѕирна футрола. Браво.

Екран

Redmi Note 11 Pro+ доаѓа со 6.67 инчен AMOLED дисплеј со  120Hz и резолуција од 2400 x 1080 пиксели. Контрастот е перфектно добар за гледање на филмови и видеа, и нема проблеми кога го гледате од било кој агол. Нема да ви биде проблем кога гледате на силна сончева светлина. Боите се точни и дефинитивно добивате одлична слика. 

Хардвер и софтвер

Xiaomi Redmi Note 11 Pro+ 5G доаѓа во повеќе верзии со RAM меморија, следствено и цените:

- 6GB+128GB - $369
- 8GB+128GB - $399

Xiaomi вградил MediaTek Dimensity 920 процесор во семејството на Redmi Note 11, при што во ситуацијата на Note 11 Pro+, 5G чип изработен со 6нм процес. Redmi Note 11 Pro+ е способен да излезе на крај со секоја игра, благодарение и на екранот со 120Hz, стапка на освежување.  Xiaomi ја вградил овде и неговата LiquidCool 2.0 технологија, што значи дека немате потреба од грижа за прегревање на вашиот телефон.

Со интерфејсот на Redmi Note 11 Pro+ нема да имате никакви проблеми, додека прелистувате на веб или гледате видеа. Се се одвива многу брзо и без кочење. Redmi Note 11 Pro+ доаѓа со MIUI 12.5.2 корисничкот интерфејс на Xiaomi, што е мало разочарување, затоа што овој интерфејс се базира на Android 11 оперативниот систем. Со оглед на тоа што е ветено дека Redmi Note 11 Pro+ ќе добие две големи надградби на софтверот, значи дека ќе може да го надградите со најновата Android верзија, се до Android 13. Xiaomi MIUI е интуитивен софтвер, лесен за користење.

Камера

Камерата се состои од главен сензор со 108MP  и f/1.8, 8MP f/2.2 ултраширок сензор, 120° агол на гледање и 2MP f/2.4 макро камера. Главната камера е главната ѕвезда кај овој телефон, со оглед на тоа што креира остри слики со добар динамички опсег. Сензорот Samsung HM2 игра голема улога, кој во режимот со 108MP продуцира многу детални слики кога фотографирате. Главната камера не фотографира директно со 108MP, туку ја користи 9-во-1 binning технологијата за поголеми пиксели што може да фатат повеќе светлост, со 12MP аутпут, корисен во сценарио со ниска осветленост.

Ултра широката камера од 8MP врши одлична работа овозможувајќи детални и допадливи слики, со добар динамички опсег. Макро камерата од 2MP врши одлична работа за заострување на деталите на сликите, со која што можеме да разликуваме колку предметите се оддалечени од камерата. Селфи љубителите нема да бидат разочарани од предната камера, која доаѓа со голема јасност и доволно бои. Динамичкиот опсег и овде врши одлична работа кога се фотографирате со предната камера.

Портрет режимот на селфи камерата е одличен. Имате и AI-режим, кој ја препознава сцената и така ја прилагодува камерата според неговото досегашно искуство. Динамичкиот опсег во видео режимот е доволно добар со тоа што небото и земјата имаат добар експозиција, додека некои делови од сликата остануваат премногу светли и деталите на тие места почнуваат да бледеат. Видео стабилизацијата е слабост кај овој модел, затоа што со 1080p 60fps и 4K 30fps, би можеле да креирате замаглени снимки, додека се движите или џогирате. 

Батерија

Redmi Note 11 Pro+ има мала батерија од 4,500mAh, но затоа има супер брзо полнење од 120W. Тоа значи дека од 0-100% батеријата се полни за 20 минути, додека да трепнете. За една кафе пауза телефонот може да ви се наполни. Едно целосно полнење на батеријата може да ви трае цел ден и да го полните утредента. Како и да е, со 10 минутно полнење имате барем 50% батерија, што е еднакво на долгочасовно користење на телефонот. 

Заклучок

Redmi Note 11 Pro+ е уште едно ремек дело на Xiaomi, затоа што има одлична батерија, супер брзо полнење, екстра перформанси, и најважното, одлична прифатлива цена. Софтверот што не е најнов во овој случај е занемарлива работа. Што велите? 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.