Xiaomi 11T Pro доаѓа со моќност во батеријата, 5G, звукот, камерата и софтверот

Објавено на 30.04.2022 20:00 во Рецензија


Xiaomi 11T Pro доаѓа со моќност во батеријата, 5G, звукот, камерата и софтверот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Gorilla Glass Victus заштита на преден панел;
+ Алиминиумска рамка;
+ Допадлив дизајн;
+ Гратис силиконска футрола;
+ Голем екран со 120 Hz;
+ Always On Display опција;
+ Одличен дисплеј за гледање филмови со квалитетен Dolby Vision звук;
+ Неверојатна брзина во перформансите;
+ Огромна меморија;
+ Играње игри без проблем;
+ Гигабитна 5G брзина и WiFi-6;
+ Одличен кориснички интерфејс;
+ Висока резолуција на камерата;
+ Можност за снимање во 4К и 8К видео;
+ Супер брзо полнење за само 17 минути;
+ Полнач од 120W;
+ Брз сензор за отпечатоци на прсти;
+ Ажурирање на софтверот во рок од 4 години;
+ Ниска цена;

 

Negatives:

- Нема влез за MicroSD картичка;
- Нема 3.5мм џек за слушалки;
- Нема OIS на главниот сензор на камерата;



Целата рецензија

Трендовите во индустријата на смартфоните секоја година се менуваат. Секоја година смартфоните се се подобри и подобри, имаат помоќни процесори, подобрени камери, екрани и звучници. Сега веќе и средните ценовни категории пристигнуваат со 5G модем, а WiFi од шестата генерација по ново стана стандард. Во оваа прилика го разгледуваме Xiaomi 11T Pro, супер моќен модел со премиум спецификации. Задоволство е што пишуваме за него.

Дизајн

Xiaomi 11T Pro има класичен Xiaomi дизајн и не можете да го препознаете лесно, односно лесно може да го смешате со другите модели на Xiaomi. Предниот панел има Gorilla Glass Victus заштита, а може да се каже истото и за задната страна, заштитена со стакло од непознат производител.

Рамките на уредот се изработени од алуминиумска легура, а под задното стакло се гледа имитација на брусен алуминиум. Сето тоа остава висок впечаток во раката, и визуелно моделот е допадлив. Одлично е тоа што во пакувањето имате и комплет силиконска футрола, за да го заштитите додека да ја пронајдете онаа што најмногу ќе ви се допадне.

Сензорот за отпечатоци на прсти се наоѓа на десната страна во копчето за вклучување на уредот. Покрај него се наоѓаат типките за контрола на гласноста со пристоен клик, сите три на дофат на палецот, како што и треба да биде.

Во влезот за картички имате на располагање простор за две нано СИМ картички, само што немате место за MicroSD картичка. Сметаме дека ова и не е потребно, со оглед на тоа што имате голема меморија.

Овде нема ниту 3,5мм влез за слушалки, исто како и кај Mi 10T pro, а нема ниту адаптер за слушалки, така што ќе мора дополнително да купите слушалки со Type C доколку сте љубители за слушање на музика со слушалки. 

Екран

11T Pro доаѓа со AMOLED екран со FullHD резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Екранот доаѓа со големина од 6,67 инчи и густина на пиксели од 395ppi. Ништо спектакуларно, но доволно добро. Максималната светлост изнесува 1000 нити, што значи дека не е лошо доколку излезете на силна сончева светлина. Xiaomi Mi 11 Ultra има уште подобра јачина на светлост, до 1700 нити.

120 Hz стана веќе стандард и кај iPhone, но фреквенцијата од 480Hz стапка на освежување при допир, се уште не е стандард и тоа е нешто со што ретки смартфони може да се пофалат. Ова е нешто што посебно го ценат гејмерите, а сите останати не можат да поверуваат дека се функционира фантастично. Сите што сакаат да гледаат филмови и серии на својот смартфон, ќе го ценат овој уред благодарение на врвните сертификати што ги поседува овој телефон со Dolby Vision, HDR10 и HDR10+, со 10-битни бои. Имате и Always On Display опција.

Перформанси

Под хауба е вграден Snapdragon 888, 8 јадрен процесор со Kryo 680 јадра, првите се клокнати со 2,84 GHz, следните три со 2,42 GHz, а последните четири со такт од 1,8 GHz. Сето тоа во комбинација со Adreno 660 GPU, 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. Се разбира, достапна е верзија и со 12GB работна меморија, само поретко може да се најде. Го имате и во верзија со 128GB внатрешна меморија.

Експертите предупредуваат дека би можел да има мал проблем со прегревање во текот на летниот период, но во текот на тестирањето сега на овие температури не сме забележале ништо проблематично. Со 2 часа играње на Pokemon Unite, уредот не беше ладен, но не беше ниту врел. 

Освен Snapdragon, тука е одличната подлога за иднината како што е WiFi-6, Bluetooth 5.1 и 5G мрежата. Со 5G брзината, што не можеме да ја фатиме од нашите домови, може да фатите дури и гигабитна брзина во downlink, додека со uplink ќе останете на 3G брзини. Тоа не е до смартфонот, туку до мрежата. 

Кориснички интерфејс

MIUI 12.5 е интерфејсот што го има 11T Pro, кој има многу козметички промени, и системски промени изработени без грешка. Со 11T Pro ќе бидете задоволни од софтверот, затоа што се функционира како што треба. MIUI нуди опции да промените се што не ви одговара, буквално може да го промените и стилот на приказ со апликации во мултитаскинг менито и дали сакате приказот на апликациите да биде замаглен, доколку во одредени апликации имате отворени некои чувствителни материјали. Уште една новост во овој поглед е што Xiaomi ве обезбедува 4 години со главни софтверски надградби. Во моментот само Samsung нуди ваква поддршка.

Камера

Xiaomi 11T Pro има главен сензор од 108MP, кој за жал е без OIS, но со пристоен отвор на блендата од f/1.8 и релативно голем сензор од 1/1.52 инчи.  Тука е ултра-широкоаголната камера од 8MP со скромни можности со мал сензор од 1/4 инчи, во комбинација со f/2.2 отвор на бленда. Таа е тука за сите дневни услови, кога едноставно не можете понатаму да се оттргнете од предметот што го фотографирате или снимате.

И покрај тоа што 108MP камерата е главна, интересна е последната телефото камера, со која што нема да фатите портрети или ѕвоното на блиската црква, туку најситните предмети, цветчиња или слични ситни детали, кои што ќе ги пронајдете попатно. Макро камерата од 5MP иам f/2.4 отвор на бленда и 50мм фокална длабочина. Имајте на ум дека за оваа камера треба да имате доволно светлост и мирни раце, а ќе бидете пријатно изненадени со резултатите. 

Во ноќни услови треба да имате мирни раце да не ви се тресат, а со помош на pixel binning технологијата и автоматскиот ноќен режим ќе ви овозможат пристојни резултати. Тој се вклучува веднаш штом алгоритмот ќе препознае дека нема доволно светлост. Треба да внимавате на него, затоа што ако фотографирате тој би можел да ви одмогне, наместо да ви помогне. Имате и широка палета на сите можности за начинот на фотографирање што смартфоните го нудат.

Овој модел на смартфон може да снима во 4k и 8k резолуција, од што сме посебно изненадени. 4k резолуцијата е полна со детали, одличен динамички опсег и минимална доза на артефакти и сите оние негативни нешта од дигиталниот филм. Се разбира, разговараме за еден смартфон и не очекувајте сликата како од полупрофесионалните апарати, но дефинитивно треба да му симнеме капа на Xiaomi за вложениот труд за подобрување на видеото.

Батерија

Ова е омилениот дел на сите корисници. Не е толку што батеријата има капацитет од 5000mAh, туку тоа што Xiaomi вградил супер брзо полнење на овој телефон, кој се полни за само 17 минути од 0-100%. Тестиравме, го отворивме уредот и почна да се полни од 0%, како што е фабрички подесен, не сакаше ниту да се вклучи.

Додека да ги разгледаме другите компоненти и перформансите, телефонот се наполни. Полначот е со моќност од 120W, нормално дека се полни ултра брзо. Со толку брзо полнење, автономијата на телефонот не е толку важна. Колку за информација, Xiaomi 11T Pro има одлична оптимизација на MIUI интерфејсот, добар процесор и екран, што значи дека може да трае по 1 ден, во зависност од користењето. Телефонот се полни пократко и од вашето туширање. Ќе се уверите кога ќе се обидете во реалноста дека ова е вистина!

Заклучок

Верзијата со 8GB+128GB меморија ќе ве чини 500 евра, додека верзијата со 8GB+256GB меморија, ќе ве чини 550 евра. Што се овие пари за вакви брзи перформанси и супер брзо полнење?! Одличен AMOLED екран, големина и простор за гледање филмови, супер брз екран, висока заштита на предниот панел, одличен звук за гледање на филмови, 5G брзина, Wi Fi 6 брзина, 120W полнење за само 17 минути. 

Xiaomi 11T Pro за наши услови е одличен смартфон, а Xiaomi се погрижил да го склопи со одлични перформанси и да не бара многу висока цена за него. Што велите вие!?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.