Samsung Galaxy A53 5G: Совршен смартфон од средната класа

Објавено на 06.06.2022 12:18 во Рецензија


Samsung Galaxy A53 5G: Совршен смартфон од средната класа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Голем и привлечен дизајн, со минимална тежина;
+ Gorilla Glass 5 заштита;
+ IP67 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина;
+ Сензор за отпечатоци на прсти под екранот;
+ Екран со 120Hz;
+ Подобрено ноќно фотографирање;
+ Импресивни фотографии од денско фотографирање;
+ Добра цена;
+ Подобри перформанси;
+ Поголема батерија;
+ Голема меморија;
+ МicroSD влез за мемориска картичка до 1TB;
+ Долгорочна надградба на софтверот;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung Galaxy A53 5G се издигнува во жестоката конкуренција на средната класа, затоа што го нуди најдоброто. Samsung завршил одлична работа со овој модел, кој моментално е најдобар во својата класа. Може да се пофали со голем екран, голема батерија и забрзано полнење, и камерата. Има елегантен дизајн и привлечен е. Ајде да видиме подетално зошто нема да се разочараме ако го купиме Samsung Galaxy A53 5G.

Дизајн

Samsung Galaxy A53 5G е голем телефон, со својот 6,5-инчен екран и димензии од 159,9 x 74,7 x 8,1мм, ќе ви овозможи лесно да ги извршувате сите задачи. Се разбира, иако е голем, не е тежок (189 грами) и лесно може да се држи во рака. Типката за вклучување/исклучување е на десната страна, а СИМ влезот е покрај USB-C приклучокот и звучникот. 

Samsung се обидел да направи нешто убаво и привлечно со врвен дизајн, со цел да остави добар впечаток кај своите корисници. За да изгледа уште подобро, од предната страна се гледа металик сребрената лента, која што се протега од страните на уредот.

Од предната страна панелот има заштита со Gorilla Glass 5 и поседува IP67 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина. Тоа значи дека може да преживее пад во вода до 30 минути, со максимална длабочина до 1 метар. 

Екран

Galaxy A53 има 6,5-инчен ‘Infinity-O’, дисплеј, кој се протега на целосна предна страна на телефонот, со познатиот ”punch hole” дизајн со дупка за селфи камерата. Има Full HD+ резолуција и брзина на освежување на екранот од 120Hz, што значи дека имате флуидност во дисплејот, без разлика дали гледате видеа на интернет или играте игри.

Samsung го вградил Super AMOLED екранот во Galaxy A53 5G, кој што овозможува силно изразени бои и максимална светлост до 800 нити. Под екранот се наоѓа сензорот за отпечатоци на прсти, кој функционира брзо и прецизно.

Камера

Samsung Galaxy A53 доаѓа со четворна камера со главен сензор од 64MP, широко-аголна камера од 12MP, камера задолжена за bokeh ефекти од 5MP (портретни слики со замаглена позадина) и 5MP макро камера (за слики одблизу). Од предната страна се наоѓа селфи камерата од 32MP. 

Samsung го подобрил ноќниот режим на фотографирање, Galaxy A53 може да сними 12 слики и да ги спои во една, со цел да овозможи подобри резултати при слабо осветлување. Ова функционира одлично и секоја чест за подобрувањето на фотографијата. 

Имате и напреден портретен начин на фотографирање со ефект на замаглена позадина. Samsung за овој дел соработувал со Snapchat, со цел да ги вгради популарните филтри од социјалните мрежи директно во апликацијата на камерата на A53.

Филтрите им овозможуваат на корисниците можност за играње и снимање преку низа забавни опции, без потреба да го имаат профилот на Snapchat. Сликите во текот на денот се со одличен динамички опсег, живописни бои и ниво на контраст. 

A53 се истакнува со неговата моќност на фотографирање при слабо осветлување. Новиот модел ја врши работата многу подобро во споредба со својот претходник за ноќно фотографирање.

Има случаи во кои што ги пропуштате ситните детали, затоа што имате светлина насекаде и сенките се намалени со цел да се намали нивото на бучава. Наменскиот ноќен режим врши одлична работа, откривајќи детали во сцените со мало или без осветлување. Во тој случај функционира само со примарниот објектив, нема да имате широко-аголен сензор, со цел да се реализира максимумот од вашата сцена.

Хардвер и батерија

Samsung Galaxy A53 доаѓа со голема батерија од 5000mAh, за која што Samsung тврди дека ќе ви обезбеди два дена користење. Имате и поддршка за брзо полнење, а Galaxy A53 може да се наполни до 50% за само 30 минути, благодарение на полначот од 25W

Galaxy A53 го има сопствениот Samsung Exynos 1280 процесор, кој е првиот 5нм чипсет вграден во A-серијата. Тој овозможува подобри перформанси и поголема енергетска ефикасност.

Samsung оваа година користи хардвер базиран на Qualcomm во повеќе делови од светот, што е ограничено на серијата Galaxy S22. Како интересен потег, Galaxy A53 пристигнува со Exynos 1280 на глобално ниво. Exynos 1280 вклучува 2 јадра на Cortex A78 со 2,40GHz и 6 јадра на Cortex A55 со 2,0 GHz и Mali-G68 графичка картичка. 

Под хауба има 6GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија, кој што ќе му овозможи доволно простор за апликации, игри, фотографии и многу други работи. Оние што имаат потреба од поголем простор, A53 ќе ве покрие, иако 128GB е единствената внатрешна меморија што се нуди. Samsung додал и microSD влез за мемориска картичка до 1TB.

Софтвер

Samsung Galaxy A53 пристигнува со One UI 4.1 кориснички интерфејс, кој се базира на Android 12. Samsung неодамна најави дека ќе испорача четири ажурирања на Android OS за своите врвни телефони и телефоните од средна класа, а на списокот е вклучен и Galaxy A53. Тоа значи дека телефонот ќе добие ажурирање за Android 16 кога ќе стане достапен околу 2025 година.

Ова му дава на Galaxy A53 голема предност во категоријата на средната класа. Навистина не постои друг уред што ќе се приближи кон истиот број на ажурирања како A53, а јасно е дека Samsung сега дава голема предност со овој модел поради долгорочното ажурирање. Интерфејсот One UI 4.1 не отстапува премногу од визуелна гледна точка, а Samsung наместо тоа се фокусирал на додавање на сите спецификации што Google ги вовел во Android 12.

Заклучок

Samsung Galaxy A53 5G нема премногу разлики во дизајнот со претходниот телефон, но дефинитивно се разликува во перформансите со камерата, екранот и батеријата.  Долгорочната надградба на софтверот исто така е голема предност, што производителите уште не го воведуваат кај телефоните од средна класа.

Се разбира, немате опасност и доколку ви падне во вода, затоа што имате IP67 сертификат за водоотпорност и за отпорност на прашина доколку работите на место каде што има многу прашина, а ви треба добра машина. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.