Илон Маск сака да го интегрира плаќањето со крипто во Twitter

Објавено на 25.06.2022 19:22 во Рецензија


Илон Маск сака да го интегрира плаќањето со крипто во Twitter

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Интеграција на крипто во Twitter за директно плаќање;

 

Negatives:



Целата рецензија

Преземањето на Twitter од Илон Маск вредно 44 милијарди долари се уште не е завршено. Шефот на Tesla Inc. и SpaceX, веќе јавно зборува за своите планови за платформата на социјалните мрежи. Познат како и големиот поборник на криптовалутите, изгледа дека Маск планира да интегрира криптоплаќање во Twitter.

Неодамна го одржа првиот заеднички состанок со вработените на Twitter. Тој наскоро би можел да воведе крипто плаќање, со цел да ја зголеми корисноста на услугата. Меѓутоа, тој го признава и проблемот со сите крипто измами на Twitter. Маск предложи идеја за корисниците да се овозможи плаќање за проверка на автентичноста со помош на производот Twitter Blue, кој тогаш ќе биде рангиран над останатите.

Откази, слобода на говор...

Илон Маск јавно зборуваше и за потенцијалните откази, слободата на говорот и крипто измамите. Неговата цел е модернизирање на социјалната мрежа и зголемување на бројот на корисници повеќе од милијарда, кои што ќе ја поддржат неговата идеја за Twitter. Сака исто така да се заработува повеќе преку рекламирање, плаќање внатре во апликацијата и повеќе спецификации за креаторите.

Слично како WeChat

Маск спомнал дека платформата сака да изгледа слично како WeChat, каде што корисниците во основа живеат на апликација, затоа што таа ги комбинира социјалните мрежи, размена на пораки, повици, игри и плаќања, се на едно место.

Се уште нема конкретен план кога ќе се реализира и дали ќе се реализира конечно договорот со Twitter, затоа што Маск бара се уште информации од Twitter за бројот на лажни кориснички профили. Корисниците на Twitter веќе може да ги плаќаат производите и услугите со користење на криптовалути преку трета страна. Ако Маск ги интегрира криптовалутите во платформата, тоа ќе биде прв пат некоја платформа - социјална мрежа прифаќа криптовалути.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.