Шефот на Binance: Bitcoin ќе закрепне, ама му требаат години

Објавено на 28.06.2022 10:11 во Рецензија


Шефот на Binance: Bitcoin ќе закрепне, ама му требаат години

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Крипто-пазарот на долг рок ќе се подобри;

 

Negatives:

- Крипто-пазарот е волатилен и многу нестабилен;
- Потребни се неколку години за Bitcoin да ја достигне вредноста што ја имаше во ноември 2021;



Целата рецензија

Шефот на Binance смета дека закрепнувањето на bitcoin би можело да трае со години. После сите песимистички месеци на крипто-берзите и класичните берзи, војната во Украина и последиците од пандемијата ќе се чувствуваат уште долго време. 

Аналитичарите се согласни дека на крипто-инвеститорите им претстои тежок период. „Крипто-зимата“ би можела да потрае долго време, а своето мислење за движењето на вредноста на bitcoin и другите криптовалути, го даде и шефот на Binance, Чангпенг Жао.

Основачот на најголемата берза во криптото, се изјаснува дека кога во 2018 или 2019 година цената на bitcoin изнесуваше 20 илјади долари, луѓето беа многу среќни. При големиот пад на bitcoin, неговата најниска вредност се уште е во ранг со врвната вредност од пред неколку години, што укажува на тоа дека индустријата и понатаму расте, додека флуктуациите се нормални.

Проблемот е што во ноември 2021 година, вредноста на најпопуларните криптовалути достигна речиси 70 илјади долари, така што моменталната цифра од околу 20 илјади долари не изгледа оптимистично, како што изгледала пред 3-4 години.

Многумина вложиле во bitcoin кога цената беше многу поголема, така што сега се во големи минуси и губитоци. Што се однесува до потенцијалниот повраток на старото, Жао вели дека никој не може да ја предвиди иднината, но сигурно е дека ќе би потребно да помине време додека нештата да се вратат како што беа. Тоа во превод значи неколку месеци или неколку години.

Сите што вложиле во bitcoin во времето кога неговата вредност соборуваше рекорди, ноември 2021 година, ќе им бидат потребни години додека повторно да се врати истата цена за да дојдат на нула. Со оглед на тоа што пазарот е волатилен и нестабилен, прашање е како ќе изгледа „крвната слика“ со bitcoin и останатите криптовалути за неколку години. Неговата вредност можеби и уште ќе тоне, но не треба да ја исклучиме и можноста дека може да достигне или да надмине 100 илјади долари, како што се предвидуваше минатата година. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.