Vivo y76 5g: Атрактивен дизајн, ниска цена, добар хардвер, долга батерија и квалитетна камера

Објавено на 26.07.2022 20:37 во Рецензија


Vivo y76 5g: Атрактивен дизајн, ниска цена, добар хардвер, долга батерија и квалитетна камера

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Одлична камера;
+ Долготрајна батерија;
+ Брзо полнење;
+ Голем екран;
+ Атрактивен дизајн;
+ Ниска цена;
+ Брзи перформанси;
+ Голема меморија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Vivo Y76 5G е еден од најновите обиди на Vivo во насока на имплементирање на 5G опциите во уредот од средната класа. Уредот има супер спецификации и одлична цена. Vivo со овој модел влегува во многу бараниот сегмент на ценовно прифатливи телефони. 

Дизајн

Y76 5G има класичен Vivo дизајн, тенко куќиште, заоблени рабови и голем модул за камерата. Куќиштето е изработено од цврста пластика и дизајн што не остава отпечатоци од прсти. Телефонот е удобен за држење во рака.

Страните на уредот се заоблени со цел да биде поудобен за држење, типката за контрола на глас и типката за вклучување се поставени на десната страна на телефонот. Неговиот влез за картички вклучува или две СИМ картички, или една СИМ и една MicroSD мемориска картичка. 

Одоздола има звучник и микрофон, 3,5 милиметарски аудио приклучок за оние што сакаат кабелски слушалки и USB Type-C приклучок со поддршка за полнење од 44W.

Дисплеј

Vivo Y76 5G има 6,58-инчен IPS екран со резолуција од 2408 x 1080p, што е одлично за телефон од ваков ценовен ранг, со максимална светлина до 420 нити. Има одлична репродукција на бои, и супер се гледа секој детал. Долните звучници на уредот се доволно добри за да добиете стерео квалитет додека гледате видеа на екранот. Екранот одлично ја врши својата работа.

Софтвер

Vivo Y76 5G е еден од првите уреди со стандарден Funtouch OS 12, кој што се базира на Android 11, но има и нови подобрувања во своето искуство, вклучувајќи нови виџети на почетниот екран, аудио албуми и нов распоред на мрежата за повеќе задачи.

Претходните спецификации на оперативниот систем се уште се достапни, како и стандардните Android опции. Тоа вклучува мрачен режим на работа, поддршка за повеќе прозорци, односно мултитаскинг, паѓачко мени, детално прилагодување на иконите, Ultra Game Mode и Extended RAM, кој што помага во брзината кога имате игри и апликации што бараат поголема моќност. 

Камера

Во големиот модул за камерата од задната страна има тројна камера; главен објектив од 50MP f/1.8, макро сензор од 2MP f/2.4 и сензор за длабочина на детали од 2MP f/2.4. Ни недостасува само ултра-широкоаголна леќа за доживувањето да биде целосно. Таков сет на камери пронаоѓаме главно во скапите уреди.

Апликацијата за камерата ги има сите стандардни опции, вклучувајќи ги додатоците како што се фотографијата, видеото, ноќниот режим на работа, фотографија во живо, професионален начин на работа, двојна експозиција, панорама, временски интервали, забавено снимање, AR и двоен приказ.

Видеото вклучува поддршка за снимање во 720p и 1080p резолуција при 60fps, има стабилизација на сликата, која што функционира одлично. 

Главната камера на Vivo Y76 5G изворно снима фотографии од 12,5MP, со тоа што ги составува сликите во резолуција од 50MP, користејќи го својот режим на работа. Фотографиите што ги добиваме со главната камера, прикажуваат солидна количина на детали. Сликите изгледаат природно.

Макро камерата од 2MP f/2.4 е стандардна опција што ја има кај повеќето уреди од ваков ценовен ранг и врши одлична работа, со доволна количина на бои и детали.  Селфи камерата изнесува 16MP f/2.0, која се одликува со добар приказ на бои и природни тонови на кожата. Портретниот режим на работа одлично креира спомени од вашите животни моменти, со кој што се претопува позадината, особено со објектите со чуден облик.

Хардвер

MediaTek Dimensity 700 5G е под хаубата на Vivo Y76 5G, солиден чипсет за уреди од средниот ранг, кој овозможува добра рамнотежа на цената и перформансите. Брзината на реагирање на телефонот е нормална при секојдневна употреба и при играње игри. Мејнстрим игрите се нормална задача за Y76 5G и нема да бидат никаков товар за овој смартфон. Имате 8GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија. Импресивно, зар не?

Батерија

Батеријата од 4100mAh овозможува долго користење, може да издржи цел ден со користење за канцелариска работа, гледање филмови на Netflix и привремено играње на игри. Со нормално користење може да издржи над 20 часа, во комбинација со различни задачи, како што се гледање на видеа, уредување и просечно прегледување на интернет. Неговиот USB Type-C приклучок овозможува 44W брзо полнење. Ова е навистина импресивно, за само 80 минути се полни батеријата од 0 до 100%.

Заклучок

Vivo Y76 5G доаѓа со голем број на предности, батеријата, хардверот, софтверот и цената. Цената е она што ги привлекува клиентите најмногу. Овој смартфон добро се справува со секаков тип на задачи, и нема да доцни кога отварате повеќе табови и апликации.

Дефинитивно корисникот нема да биде разочаран од овој тенок дизајн, со одлична камера, долготрајна батерија и нејзиното брзо полнење и атрактивниот дизајн. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.