Tesla Autopilot системот мора да има интервенција од возачите

Објавено на 19.07.2022 20:39 во Рецензија


Tesla Autopilot системот мора да има интервенција од возачите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Tesla Autopilot не може да се остави сам на себе, затоа што системот се уште не е усовршен доволно за да функционира самостојно;



Целата рецензија

Автопилотот на Tesla не е вистински пилот и не може да вози апсолутно сам, пишува The Drive. Се работи за автономен систем за помош на возачите, кој што може да ја олесни работата на возачот, додека е на автопатот или јасно означени градски улици. 

Tesla Autopilot е далеку од совршен автономен систем, како што покажува новото видео од YouTube каналот Beta Tech OG. На ова видео Tesla Model 3 за малку ќе удри во возот што доаѓа, а самиот сопственик имал и многу други интервенции во текот на автоматскиот режим на возењето. Така возачот оценил дека автономното возење е тотално несоодветно.

Beta Tech OG на своите видеа тестира систем за автопилот и опција за самостојно возење по улиците на Денвер, Колорадо. За време на 18-минутното видео, Model 3 за малку ќе се удрел на неколку места. Главната грешка била можниот удар во возот, кога требало да го почека да помине.

Пред да удри во возот, Model 3 бил стопиран на црвено светло со вклучен лев трепкач. Автомобилот требало да почека додека возот да помине и со тоа да се ослободи простор за да сврти лево. Наместо да почека, Tesla FSD проценил дека нема доволно простор и време да сврти пред возот да стигне или не го препознал правилно. Возот бил препознат на екранот на infotaiment системот. 

Не е јасно зошто Tesla одлучил да сврти лево пред возот, па кога возачот го забележал тоа, бил приморан да преземе контрола и го пренасочил автомобилот. За среќа, никој не е повреден овој пат, но тоа не значи дека во иднина ќе  може да се реагира навремено.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.