Honor Magic 4 Pro ќе ги освои и најамбициозните корисници

Објавено на 21.07.2022 12:06 во Рецензија


Honor Magic 4 Pro ќе ги освои и најамбициозните корисници

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Голем OLED дисплеј;
+ Атрактивен дизајн;
+ Фреквенција од 120Hz со можност за подесување на динамичка промена на фреквенција;
+ Моќен процесор и брзи перформанси;
+ Голема меморија;
+ Добра цена;
+ Екстра брзо полнење;

 

Negatives:



Целата рецензија

Honor го претстави првиот предводник после официјалното одвојување од Huawei. Со моделот Magic 4 Pro ја фрли ракавицата во лицето на најмоќните смартфони на пазарот. Како и сите модели што имаат недостатоци, овој смартфон овозможува се што од топ-моделите можеме да очекуваме и ќе биде интересен за сите што бараат уред со врвни перформанси.

Дизајн

На прв поглед станува јасно дека е премиум телефон. Magic 4 Pro привлекува внимание со својот атрактивен дизајн, заоблени рабови околу екранот и квалитетната изработка (комбинација од метал и стакло), иако задниот дел е магнет за отпечатоци на прсти. Секако препорачуваме ставање на проѕирните силиконски маски, што се испорачуваат во пакувањето.

На задниот дел доминира кружниот модул, каде што се лоцирани сензорот, блицот и сензорите. Рабовите околу екранот се минимални, 99% од предниот дел е панел.

Дисплеј

Honor Magic 4 Pro располага со 6,81 инчен OLED дисплеј, со фреквенција на освежување од 120Hz, но со цел заштеда на енергија корисниците ќе може сами да ја наместат оваа фреквенција на 60, 90, 120Hz.

Може екранот да го подесите на динамична опција, со цел да се постигне компромис за заштеда на батеријата, која не е најмоќната страна на телефонот и подобриот приказ на екранот.

Стерео звучниците за играње игри или гледање на видеа и слушање на музика е одлично искуство. 

Моќен хардвер

Magic 4 Pro доаѓа со последната генерација на Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 процесор, 8GB RAM меморија и 256GB внатрешна меморија. Процесорот овозможува брзи перформанси, какви што се очекуваат од телефоните од највисоката категорија. Magic 4 Pro функционира брзо и течно, без никакви бавни навики. Истото можеме да го кажеме и за видео игрите. Процесорот и OLED екранот се добитна комбинација.

Батерија

Батеријата е она што ќе ги воодушеви корисниците исто така, која изнесува 4600mAh, која се покажала како просечна, но одличната вест е тоа што имате 100W брзо полнење. Honor тврди дека батеријата се полни за само 30 минути, што е олдичен резултат. 

Камера

Резолуцијата на главниот сензор на камерата изнесува 50MP, а телефото камерата изнесува 64MP, која доаѓа со 3,5x оптички зум и дигитален зум од 100x. Предната и задната камера имаат одличен квалитет. Главната камера е квалитетна и во текот на денот и во мрак. Имате достапен ноќен режим и сликите се богати со детали, а приказот на бои е одличен.

Достапен е макро режим, за кого е потребно малку вложување на труд, повеќе фотографирање за да се снима идеалната фотографија, додека видеата може да се снимаат во 4K резолуција. Квалитетот на видеото е полош во споредба со снимените фотографии. Имате и Pro режим кога сакате да правите професионални фотографии, кои што може да ги разубавите со bokeh ефектот, со замаглена позадина.

Заклучок

Honor веќе не е дел од Huawei, и на нивните оперативни системи се достапни сите апликации на Google, вклучувајќи ги Gmail, YouTube, Maps, Play Store и друго. Оперативниот систем со кој што функционира е Android 12 и модифициран интерфејс Magic UI 6.0.

Honor Magic 4 Pro поседува IP68 сертификат за заштита од вода и прашина и напредна биометрија. Од предната страна иам 3D ToF сензор за отклучување со препознавање на лице, а достапен е ултразвучен сензор за отпечатоци на прсти, имплементиран во екранот. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.