Samsung Galaxy Buds 2 Pro: Најмали досега, пружаат одлично искуство

Објавено на 21.08.2022 19:37 во Рецензија


Samsung Galaxy Buds 2 Pro: Најмали досега, пружаат одлично искуство

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Добра цена;
+ ANC технологија за уништување на бучавата;
+ SmartThings Find апликацијата ги наоѓа ако ги изгубите;
+ Квалитетен звук;
+ Лесно префрлање од гледање на видеа до примање на повици;
+ Hi-Fi 24-битно аудио;
+ Подолга достапност благодарение на кутијата;

 

Negatives:



Целата рецензија

На серијата преклопни смартфони Galaxy Z, се придружија и новите безжични слушалки Samsung Galaxy Buds 2 Pro. Во споредба со претходната верзија, овие слушалки се за 15 проценти помали и ергоносмки дизајнирани, со цел да се вклопат во секое уво и да останат таму, односно да не паѓаат од увото.

Звук

Слушалките ви дозволуваат да уживате во музиката со Hi-Fi 24-битното аудио, нудејќи висок и динамичен опсег на звук.

Кодекот Samsung (SSC HiFi), што обезбедува високо-квалитетен пренос на музика без пауза, додека новиот коаксијален двонасочен звучник, прави да звучи побогато од било кога досега.

Повици

Корисникот може да прими повици во движење со моќната функција ANC (Active Noise Cancellation) за елиминирање на надворешниот шум. Galaxy Buds 2 Pro сега има функција за автоматско префрлување, што ви овозможува лесно да се префрлите од омиленото ТВ-шоу на примање телефонски повик.

Ако ги изгубите...

Ако корисникот случајно ги изгуби слушалките Galaxy Buds 2 Pro додека патува, апликацијата SmartThings Find сега го прави нивното лоцирање побрзо и полесно, без разлика дали се во нивната футрола или не.

Батерија

Батеријата во слушалките е со капацитет од 61 mAh, додека кутијата за полнење има батерија од 515 mAh.

Ова овозможува меѓу 5 и 8 часа континуирано слушање, а со полнење во кутијата, можно е да уживате во музика помеѓу 18 и 29 часа (во зависност од тоа дали е вклучено автоматското поништување на шумот).

Цена и достапност

Ако сакате да извршите преднарачка за Samsung Galaxy Buds 2 Pro безжичните слушалки, чинат 13.000 денари во Сетек, Нептун и Техномаркет. Се работи за слушалки што нема да ве изневерат со својот квалитет. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.