iPhone 13 Pro Max: Врвен квалитет од таборот на Apple

Објавено на 01.09.2022 11:05 во Рецензија


iPhone 13 Pro Max: Врвен квалитет од таборот на Apple

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.0


Камера
9.9


резултат
9.7


Наши забелешки

Positives:

+ Најдобар од iPhone 13 серијата;
+ Ќерамички дизајн и нерѓосувачки челик;
+ Gorilla Glass Victus заштита на стаклото;
+ Face ID;
+ IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода;
+ Dolby Atmos;
+ MagSafe/Qi безжично полнење од задната страна;
+ Моќни перформанси;
+ Голема меморија;
+ Безжично полнење;
+ Снимање на видеа во 4К резолуција;
+ Одлична камера;
+ Добар софтвер;

 

Negatives:

- Сличен дизајн како претходната серија;
- Засекот во дизајнот уште стои;
- Нема приклучок за слушалки;
- Висока цена;



Целата рецензија

Се поблизу сме до претставувањето на новата iPhone 14 серија, затоа сметаме дека е добро да го разгледаме најдобриот смартфон на Apple моментално - iPhone 13 Pro Max. Дизајнот е драстично променет од iPhone 11 серијата од 2019 година. а Apple и понатаму продолжува да ги воведува своите најнови хардверски и софтверски иновации во новите модели. 

Љубителите на фотографија и видео никогаш не се разочаруваат од овој модел. Ова е најдобриот и најмоќниот смартфон на Apple, ајде да видиме зошто.

Дизајнот како лани

Дизајнот на iPhone 13 Pro Max е повеќе или помалку како ланскиот модел, што и не е толку лошо, затоа што секоја година компанијата вложува најмногу во хардверот, софтверот, камерата и енергетската ефикасност на телефоните. Телефонот е изработен со ќерамички материјал и има Gorilla Glass Victus, како и нерѓосувачки челик.

Располага со Face ID сензор за отклучување на телефонот со лицето и 3D сензор за длабочина. Телефонот располага со IP68 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина, има за 20% помал засек за предната селфи камера, стерео звучниц и четири неодоливи бои: сива, златна, бела и сина.

Екран

iPhone 13 Pro Max располага со  6,7-инчен OLED LTPO дисплеј, со резолуција од 2,778 x 1,284 пиксели и 458 густина на пиксели и 120Hz променлива брзина на освежување на екранот. Телефонот е со релативно дебели рамки, кој може да биде и малку незгоден за користење со една рака. iPhone 14 Pro Max ќе има за 20% помал засек за селфи камерата во споредба со iPhone 13 Pro Max, кои содржат Face ID хардвер, наместо сензор за отпечатоци на прсти. Се работи за уште еден застарен дизајн на iPhone, во споредба со модерните екрани, кои што доаѓаат со кружен исечок наменет за селфи камерата, додека читачот за отпечаток од прст е вграден под екранот кај другите. Face ID е сепак моќен, брз, безбеден и доволно високо интегриран во екосистемот на Apple.

iPhone 13 Pro Max е водоотпорен

iPhone 13 Pro Max располага со IP68 сертификат за отпорност на прашина и вода, одличен звук благодарение на звучниците од Dolby Atmos, во споредба со iPhone 12 Pro. Одоздола има Lightning влез за полнење и пренос на податоци, како и поддршка за MagSafe/Qi безжично полнење од задната страна. За слушалки нема приклучок, а типката за вклучување и за звук се странично поставени. 

Хардверот е она што го држи на врвот

Како што се очекуваше од Apple, овде е најновиот A15 Bionic процесор, кој е неверојатно брз и моќен, а сега веќе излегува и A16 Bionic за 14-та серија. Чипсетот овозможува одлични перформанси за секојдневните апликации и играње на игри. Додавањето на петто јадро во графичкиот ко-процесор, во споредба со претходниот iPhone, обезбедува за најтешките мобилни содржини да функционират без „кашлање“. iPhone 13 Pro Max во споредба со iPhone 12 Pro Max е во значително поголема предност при тестирањето во перформансите, кое го извршиле GeekBench 5 и 3DMark, надминувајќи ги и најбрзите Android смартфони на пазарот. Со него имате 6GB RAM меморија и избор за внатрешна меморија од 128, 256, 512GB или 1TB.

Батерија

iPhone 13 Pro Max има батерија со капацитет од 4.374mAh и брзина на полнење со кабел од 20W USB Power Delivery 2.0. Безжичното полнење е MagSafe 15W или Qi полнење од 7,5W. Долготрајноста на батеријата зависи колку ја користите.

Со основното користење што вклучува привремено прелистување на интернет, социјалните мрежи и привремено гледање на видеа, резултирало со над 9 часа вклучен екран. Тоа е доволно што повеќето корисници поминуваат два дена со едно полнење. 

Камера

iPhone 13 Pro Max ја има најдобрата технологија за камера на Apple, имате одлични можности кај камерата, баланс на белата боја и деталите. Apple камерата сега од вас бара да ги одберете фотографските стилови при првото вклучување, со прилагодлив контраст и нијанси. Камерата креира одличен баланс на бои, нема да добиете лоша слика, и покрај тоа што си има одредени недостатоци. Камерата има подобрени HDR фотографии и одлична софтверска технологија. 

Камерата се состои од:
- 12MP сензор, PDAF со два пиксела, двоен OIS, ƒ/1,5, големина на пикселот од 1,9µm;
- Ултра широко-аголна камера од 12MP, видно поле од 120 степени, леќа со пет елементи, PDAF, ƒ/1,8, телефото леќа од 12MP, ƒ/2,8, двоен OIS, објектив со шест елементи и 3x оптички зум;
- Пред камера од 12MP, ƒ/2.2;
- TrueDepth 3D сензор за длабочина и биометрија;
- Снимање на видеа во 4K HDR резолуција од 60fps и 1080p 120fps;

 Софтвер

Најновиот оперативен систем на Apple - iOS 15, овозможува голем број на можности, со оглед на тоа што сепак зборуваме за iPhone. Спојувањето на вестите и временската прогноза во еден виџет, кој што може да се преместува каде што сакате, е одлична функција за брз преглед без да прави проблем на почетниот екран.

Библиотеката за апликации автоматски ги сортира вашите апликации, па полесно е да ги пронајдете одошто да гледате во пренатрупан почетен екран.

Останатите надградби вклучуваат различни подобрувања на картите, режимот на ортрет и просторниот звук за Facetime, колаж на фотографии во iMessage, прилагодување на контролите за навигација во Safari и редизајнирана апликација за времено.

Најновиот, најдобриот и најскапиот iPhone досега

Квалитетот секогаш не чини скапо, за тоа мора купувачите да бидат свесни. Квалитетот понекогаш и се преценува. Apple iPhone 13 Pro Max со меморија од 128GB моментално чини околу 83.000 денари непосредно пред претставувањето на iPhone 14.

На нашите простори потешко се наоѓа верзија со 1TB, но за ваква меморија сигурно се доплаќа околу 10.000 денари плус, па и повеќе. Оние што велат дека Apple ги преценува своите iPhone телефони, е во право. Дали еден ваков телефон вреди за толку пари? Одговорот го давате вие, што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.