LG го претстави првиот флексибилен 42-инчен телевизор во светот

Објавено на 21.09.2022 21:13 во Рецензија


LG го претстави првиот флексибилен 42-инчен телевизор во светот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ LG лидер во телевизиската технологија за флексибилни екрани;

 

Negatives:



Целата рецензија

На последниот саем за потрошувачка електроника IFA во Берлин, LG го претстави својот нов телевизор OLED Flex LX3. Станува збор за првиот телевизор во светот со флексибилен 42-инчен екран, кој што овозможува сами да одберете ниво на извиткување, со цел екранот да се прилагоди кон своите потреби и моменталните активности, дали гледате филм или играте игри. Обликот на овој телевизор го овозможува самоосветлувачката OLED технологија на LG без позадинско осветлување, кој може да се пофали со прецизни бои, мало влезно задоцнување и брзо време што му треба да реагира за 0,1 ms.

Мора да се спомне и α (Alpha) 9 Gen 5 интелигентниот процесор со уникатен алгоритам за слика. LG тврди дека благодарение на овој процесор, може долго време да играте игри или да гледате телевизија без умор, без да ги изморите очите, поради антирефлексниот слој (SAR – super anti-reflection), кој што помага во намалувањето на визуелните пречки.

Закривеноста може брзо да се подеси со одбирање на две однапред дефинирани поставки со помош на посебни копчиња на далечински управувач или рачно преку 20 различни нивоа, на раздалеченост од 5%. Екранот LG OLED Flex може да се наведне и кон предната страна, најмногу до 10 степени или кон назад до 5 степени. Може да се подеси и висината на лежиштето во распон од 140 милиметри. 

Новата Game апликација е ексклузивна за LX3, поддржува прилагодливи скринсејвери, кратенки до популарните апликации како што се Twitch и YouTube и овозможува преглед за поврзани надворешни влезни уреди, се на истиот екран. LG Gaming Optimizer е обновен за LG OLED Flex и содржи прилагодливи ставки за звук во согласност со жанрот на играта, заедно со широкиот распон на опции за слика и звук, посветени на играњето.

Еквилајзерот заслужува посебно внимание, има добри поставки за подесување на звук, копчиња за AI Game Sound и Dolby Atmos. Има пристап кон напредни аудио поставки, овозможувајќи им на корисниците да го прилагодат своето искуство на играње, токму како што им одговара ним.

Режимот на работа Multi View овозможува истовремено гледање на содржини од два различни извора, додека функцијата Switching Hub овозможува користење на вграден микрофон LG OLED Flex и било кој уред поврзан преку USB, како што се слушалки, тастатура или глувче од компјутер, поврзани со HDMI кабел.

Со притискањето на типката за префрлување на извор, сместен на бочната страна на лежиштето, може да се менува поврзаноста на уредот, без потреба од физичко исклучување и повторно спојување. Со тоа, вградениот микрофон обезбедува ефикасно поништување на ехото, за кристално разговори за време на играњето.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.