Како настанал „смешкото“ :-)

Објавено на 29.09.2022 11:36 во Рецензија


Како настанал „смешкото“ :-)

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Модерен начин на комуникација, која што ни помага да изразиме емоции;

 

Negatives:



Целата рецензија

„Смешкото“ е креативен начин на комуницирање во модерното општество. Во светот на дигиталните комуникации без мимика и говор на телото, емотиконите и емоџите се важни, исто толку колку што е важна интерпункцијата, без пишани правила.

Секогаш користиме смешко за природно да го нагласиме својот тон и емоцијата. После две години на социјална дистанца поради пандемијата, смешковците се претворија во неизбежна комуникација. Оние што први се сетиле за оваа дигитална иронија, сигурно не можеле ниту да замислат колку ќе се применуваат овие иконки. 

Се почнало на американски универзитет пред 40 години. Смислени се стандардните интерпункциски знаци, каде што се групирале за да се означат изрази на лице, во прв ред насмевката. Модерните емоџија ги покриваат буквално сите аспекти на животот, од гримаси, до гестикулации со раце, различни предмети, храна и време. Буквално може да напишете реченица со емоџија.

„Со нив полесно може да се разбере некоја изјава“, изјавила лингвистката Ерика Линц, од Универзитетот во Бон, која што го истражува јазикот и комуникациите во дигиталните медиуми. Во комуникацијата со „лице во лице“, мимиката, гестот и тонот на соговорникот се многу важни, со цел да се разбере што тие сакаат да истакнат. На пример, иронијата.

Американскиот компјутерски експерт Скот Фалман (Scott E. Fahlman) за прв пат го воведува емотиконот на својот универзитет во Питсбург во 1982 година, со цел да спречи недоразбирања во дигиталната комуникација, која што тогаш се одвивала преку школскиот BBS систем, односно електронски рекламни плочи.

Системот тогаш го користеле бубалиците што биле склони кон сарказам, рекол Фалман. На многу им било тешко да го сфатат сарказмот и сериозно возвраќале , па следувала војна со зборови, вели тој. Во септември 1982 година, Фалман објавил сугестија што ќе има далекусежни импликации што тешко може да се предвиди - комбинација од две точки, знак за минус и заградата... :-)

Така настанал „смешкото“ што требало да означува дека корисникот се шегува или зборува добронамерно. Подоцна Фалман рекол дека тоа го замислил како привремена забава за другите корисници, но набрзо земало замав и почнало да се проширува надвор од универзитетот, низ цел интернет.

Емоџијата денес се користат и за некоја изјава што треба да се сфати, и се повеќе ги заменува знаците со интерпункција. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.