Хрватска е меѓу светските дестинации за дигитални номади

Објавено на 30.09.2022 18:32 во Рецензија


Хрватска е меѓу светските дестинации за дигитални номади

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Предноста со дигиталните номади е бесплатното рекламирање на интернет;
+ Дигиталните номади се влијателни на интернет;
+ Специјална програма за дигитални номади од градот;

 

Negatives:



Целата рецензија

Американската медиумска куќа Bloomberg ја категоризира Хрватска како држава со најдобри програми за привлекување на дигитални номади, со тоа што објавуваат фотографии со Дубровник, што е потврда за растечки пазар и препознатливост, известуваат официјално од градските власти на Дубровник.

Bloomberg го објави прегледот на светски држави на Bloomberg Business и на социјалните мрежи. Таму се наведени 14 држави, од кои шест се европски. Покрај Хрватска, во прегледот во Европа се и Германија, Италија, Малта, Грција и Португалија, наведуваат од градските власти.

Што е „дигитален номад“

Знаеме ли што се дигитални номади? Еден од нив ја напуштил Америка, за да дојде во Хрватска: „Овде живеам со 47 долари дневно...“. За секоја држава притоа се наведуваат основните и корисните информации за начинот на пријава за привремен престој на дигитални номади, како и дека уште во 12 држави се најавени со програми насочени кон привлекување на лица што работат од далечина и престојуваат на едно место подолго време.

Од градот Дубровник околу тоа потсетуваат дека е потребна поголема диверзификација на туристичката понуда и развој на иновативната содржина. Градот во соработка со Туристичката заедница на градот Дубровник и партнерството со Total Croatia News и Saltwater Nomads уште од времето на пандемијата, покренале иницијатива за понатамошен развој на Дубровник, како дестинација за понатамошен развој на Дубровник со добри услови за дигитални номади.

Иницијативата трае веќе две години и постојано се надградува, со одржување на конференции, работилници, натпреварување и средби на кои што дигиталните номади претставуваат предност за животот и работата на југот на Хрватска, кој што потполно ги задоволува барањата на тој пазар.

 

Airbnb, платформата за огласи со краток престој, верува дека новиот тренд со пандемијата, засекогаш го промени туризмот и начинот на патување. Дубровник така за брзо време влегол во групата на десет најпосакувани градови за престој на дигиталните номади. Во мај 2022 година, Дубровник доби и веб страница за дигитални номади "Dubrovnik Long Stay" во форма на "one-stop-shop", со цел да се предизвика поголем интерес за луѓето во Дубровник. Се уште нема официјални податоци точно колку дигитални номади престојуваат во Дубровник. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.