Xiaomi Portable Electric Air Compressor 1S: Мала пумпа, спремна да ви асистира на патиштата

Објавено на 06.10.2022 17:29 во Рецензија


Xiaomi Portable Electric Air Compressor 1S: Мала пумпа, спремна да ви асистира на патиштата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Компактен и премиум дизајн;
+ Го собира секаде благодарение на своите димензии;
+ Одличен дизајн;
+ Цврста изработка;
+ Можност за вклучување на различни режими;
+ LED сијаличка за ноќно време;
+ Прецизно мери притисок;
+ Софистициран дизајн;
+ Добра батерија;
+ USB Type-C полнач;
+ Екран за покажување на притисокот;

 

Negatives:



Целата рецензија

Xiaomi како иновативна компанија со многу различни производи, влезе и на пазарот за пумпи за гуми во 2021 година, со лансирањето на преносливиот електричен воздушен компресор. Ова е навистина несекојдневен продукт, кој што е потребен на секој што има електричен тротинет, велосипед, кола. Продуктот е дизајниран со екран и изгледа како „катанец“, а луѓето уживаат во неговото користење. Xiaomi годинава го претстави и новиот модел Xiaomi Portable Electric Air Compressor 1S, што е достапен и во Македонија.

Air Compressor 1S дефинитивно ве спасува од одмотување и замотување на кабли, има подобар мотор и побрзи перформанси, со цена од 45 евра. Не грижете се, го имаме и на нашиот пазар, може да го погледнете на официјалната македонска страница на Xiaomi.

Многу е мал и компактен, може да го сместите и во поголеми џебови. Xiaomi Portable Electric Air Compressors 1S е дефинитивно нешто практично, што одамна ни требаше близу до нас. 

Дизајн

Уредот располага со вградена батерија, значително помала во споредба со другите пумпи за гуми, која што се полни со Type-C полнач, ќе го полните заедно со вашиот мобилен. Неговите димензии изнесуваат 124 x 71 x 45.3мм. Зарем не е тоа импресивно? Мора да му симнеме капа на Xiaomi за тоа што во „мала кутија“ спакувал се комплет, и батерија и електроника. Во споредба со другите пумпи од ваков тип, неговата големина е само една третина од нивната, на пример, во споредба со пумпата на Michelin 12266.

Неговите мали димензии значат дека може да го сместите во било која торба или во било која фиока или полица во вашиот автомобил. Наменет е за секакви гуми, за автомобили, за велосипеди, електрични тротинети. Кога го возите вашиот електричен тротинет може да го ставите и во специјалната торба, наменета за тротинети, нема да имате проблем со просторот. 

Xiaomi Portable Electric Air Compressor 1S има дисплеј од предната страна, за да покажува колкав е притисокот на гумата, како и информација за режимот на кој што е вклучен. Под екранот, имате копчиња за ракување со уредот. Од горната страна е цревото за проток на воздух.

Она што нам ни остави најголем впечаток е тоа што крајниот дел на цревото за воздух го заглавувате во уредот, и на тој начин пумпата добива премиум изглед и изгледа софистицирано. Од горната страна имате и LED сијаличка, која што ќе ви биде добредојдена кога ја пумпате гумата во ноќно време.

Цревото за воздух е кратко во споредба со другите пумпи, што му овозможува на уредот поголема компактност, што воопшто нема да ви биде проблем пумпањето, затоа што уредот е премногу лесен и едноставно се доближувате до млазницата на гумата. Едноставно, Xiaomi ни докажа дека обрнува внимание и на малите нешта, што е дефинитивно за пофалба.

Цврстината на електричниот воздушен компресор на Xiaomi е на високо ниво, затоа што телото е изработено од високо квалитетна и мека пластика. Се што содржи пумпата, екранот, копчињата за контроли, цревото и USB Type-C портот, е совршено комбинирано и изгледа феноменално. Кога ја држите пумпата во рака, чувствувате дека станува збор за премиум продукт и цврст уред. Мораме да кажеме дека ова е продуктот што одамна им требаше на сите возачи на автомобили, велосипедистите и оние што возат тротинети. 

Батерија

Од долната страна имате и USB Type-C порт за полнење. Има и индикатор колку е полна батеријата од долната страна. Xiaomi Portable Electric Air Compressor 1S располага со батерија од 2,000mAh (14.8Wh), која што со едно полнење може постојано да работи до 18 минути. Xiaomi обезбедил опција за да користите 12V DC извор на енергија, доколку батеријата се истроши.  Батеријата на Xiaomi Portable Electric Air Compressor 1S според нашето искуство се наполни за 2 часа, од 0% до 100%, со 120W кабел од нашиот телефон. 

Заклучок

Xiaomi Portable Electric Air Compressor 1S е портабилна пумпа, најсоодветна за оние што треба да напумпаат гума што не е целосно издишана, иако нема да ви прави никаков проблем и доколку сакате да напумпате гума од 0 до 100%. Точноста на притисокот што го покажува на екранот е прецизна и нема да имате никаков проблем овде. 

Xiaomi Portable Electric Air Compressor 1S е компактен, има неодолив дизајн и одлична изработка. Секоја чест за Xiaomi, што велите? Доколку сакате да го нарачате, може да го погледнете на официјалната страница на XiaomiMiStore.MK.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.