iPhone 13 и iPhone 13 mini: Моќни перформанси, одлични камери и (по)компактен модел

Објавено на 19.10.2022 11:48 во Рецензија


iPhone 13 и iPhone 13 mini: Моќни перформанси, одлични камери и (по)компактен модел

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.7


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Моќни перформанси;
+ Добра батерија;
+ Компактен дизајн;
+ Голема меморија со можност за доплата за поголема меморија;
+ Професионален режим за снимање и со 4К резолуција;
+ Одлична камера;

 

Negatives:

- Висока цена;



Целата рецензија

После двата Pro модела од минатата генерација, на ред за рецензија се iPhone 13 и iPhone 13 mini. Освен разликите во големината и батериите, станува збор за два идентични смартфона, кои што нудат различни искуства на користење. Ајде да видиме кој од двете 13-ки ќе ви се допадне.

Дизајн и екран

iPhone 13 и iPhone 13 mini немаат промени во дизајнот во споредба со претходните модели. Основната разлика е во модулот на камерата од задната страна, во кој што сега двата објектива се поставени дијагонално, наместо еден покрај друг. Причината е - поголем сензор на главната камера во споредба со претходниот iPhone 12 Pro Max. Кај двата модела имаме рамен преден панел и плосната алуминиумска рамка со завршен слој во мат.

iPhone 13 од предната страна има 6.1-инчен, а iPhone 13 mini има 5.4-инчен, со 20% потесен засек, исто како и кај Pro моделите. Во него се селфи камерата, Face ID и звучникот за повици. Рамката на екранот е симетрична, но дебела и воочлива. Кај двата модела од предната страна и задната страна има заштита со Ceramic Shield стакло, а двата се водоотпорни до длабочина од 6м.

Најголемата разлика е во самата големина, па и во масата на уредот. iPhone 13 е со вообичаена големина денес, додека iPhone 13 mini во споредба со iPhone 13 Pro Max е многу поситен. Ако го барате најмалиот и најдобриот телефон, тогаш iPhone 13 mini е за вас, во спротивно, одберете го iPhone 13.

iPhone 13 има 6.1-инчен OLED екран со FHD+ резолуција, а iPhone 13 mini ист екран со 5.4 инчи. Она што ги разликува во споредба со OLED од Pro серијата е стандардно 60Hz освежување. 

Камера

Главната камера на 13 и 13 mini е иста како онаа од iPhone 12 Pro Max, и плус Sensor Shift за оптичка стабилизација. Благодарение на големите пиксели и широкиот отвор на блендата од f/1.6, оваа камера снима одлични фотографии, најдобро дење во идеални услови. Имаат и многу добра широко-аголна камера, која што дење ќе понуди најдобри резултати. Со нив снима и видео во 4K резолуција и 60fps со импресивна стабилизација и покрај тоа што во раката изгледа како играчка. iPhone 13 mini снима одлично видео, за какво што повеќето во Android светот може да сонуваат.

12MP селфи камерата од предната страна не се менувала во споредба со претходната серија, која што исто како и кај Pro моделите, снима одлични селфи фотографии и видеа до 4K 60fps. Опремена е со жироскопска EIS стабилизација на сликата.

Интерфејсот е идентичен как и кај Pro моделите, со стандарден Фото режим со насочување на фокусот и компензација на експозицијата, Портрет и избор на објективот, а сега се нудат и таканаречени Стилови. Имате и Филмски режим за снимање, кој што овозможува динамичко преместување на фокусот во текот на снимањето, па автоматск и дополнително во веќе сниманите видео записи. 

Хардвер и батерија

Сите четири iPhone 13 модели го имаат Apple A15 Bionic 5nm 6-јадрениот процесор, па така и iPhone 13 и 13 mini. Тој овозможува добри перофманси и енергетска ефикасност. Pro моделите имаат 2GB RAM меморија и повеќе, но и овие два ќе се задоволат со 4GB. Најевтиниот iPhone 13 mini има 128GB меморија за лични податоци, а во понудата има и 256 и 512GB модели ако сакате да доплатите и да добиете повеќе меморија.

Face ID реагира брзо во секакви услови, без разлика дали имате очила или не. iPhone 13 имаат 5G мрежа, GPS и NFC за Apple Pay. Apple ветил подобра автономија во споредба со претходните модели и навистина е така. iPhone 13 mini има батерија со капацитет од 2438 mAh, што значи дека може да биде со 5-6 часа со вклучен екран, додека iPhone 13 е со 3240 mAh батерија, која нормално, би била до 7-8 часа со вклучен екран, во зависност од тоа што работите. Двата модела може да се полнат безжично. Преку кабел се полнат со 20W брзина и им треба час и половина за да стигнат до 100%. Имаат поддршка со 15W Magsafe полнење и 7.5W Qi полнење. Полначот се купува посебно. 

Заклучок

За повеќето Apple фанови што бараат поевтин iPhone, iPhone 13 е супер, а ако бараат уште покомпактно и помало, iPhone 13 mini е помал и подобар за таа цел. Двата телефона се со топ перформанси, одличен екран и можеби едни од најдобрите камери во тој сегмент, особено ако често снимате видеа. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.