Moto G5s Plus – Нешто „плус“ за секого

Објавено на 21.02.2018 во Рецензија


Moto G5s Plus – Нешто „плус“ за секого

Оцени

usability
8.0


Перформанси
8.0


Цена
8.0


Камера
8.0


резултат
8.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Елегантен дизајн

- Голем и видлив дисплеј

 

Negatives:



Целата рецензија

Motorola Mobility максимално се посвети на креирање на квалитетни смартфони од средната класа кои се способни за извршување на напредни задачи, имаат ниска и прифатлива цена, а поседуваат неколку адути позајмени од премиум сегментот. Ние веќе ги анализиравме Moto G5 и Moto G5s моделите кои имаат сопствен белег и предности, па на ред е и најмоќниот во оваа серија Moto G5s Plus смартфонот за кој сметаме дека многу ќе им се допадне на тие кои сакаат смартфони со поголем екран, ефикасен хардвер и елегантен дизајн, па затоа во продолжение следат сите детали.

Дизајн

Moto G5s Plus е одлично дизајниран смартфон со квалитетни материјали на градба и тело кое е доста тенко со точно 8 милиметри, па така ќе биде доста компактен и лесно пренослив во џебот, како и ергономичен за управување со една рака. Предната страна е покриена целосно со стакло со заштита од Corning Gorilla 3, додека пак задната страна и рамката се изработени од цврст алуминиум кој ќе обезбеди заштита од помали удари и напукнувања. Под екранот се наоѓа скенерот за отпечатоци кој е брз и прецизен и со него лесно се отклучува смартфонот, а исто така служи и за обезбедување на податоците од трети лица. Целокупното тело на Moto G5s Plus е прекриено за заштитна обвивка која го штити од полевање на вода што исто така е фин додаток.

Дисплеј

Екранот на Moto G5s Plus располага со IPS LCD технологија и нуди солидна резолуција со Full HD стандардот од 1080 x 1920 пиксели, 16:9 размер и  401 ppi густина на сликата што овозможува одлична видливост во секаков вид на внатрешни и надворешни услови. Боите се доста прецизни и живописни па така со големиот екран со дијагонала од 5.5 инчи ќе биде вистинско задоволство да се гледаат видеа, а нуди и голема ефикасност при внес на текст, испраќање мејл пораки и работа со документи.

Перформанси

Moto G5s Plus  работи со најдобриот осум-јадрен процесор во оваа класа, односно целосно хардверот го потпира на напредните можности на Qualcomm MSM8953 Snapdragon 625 процесорот со работен потенцијал од 2.0 GHz со Cortex-A53 технологија и квалитетна графичка карта Adreno 506. Хардверот е надополнет со 4 GB RAM и 64 GB основна вградена меморија што значи дека лесно ќе се справи со сите мултитаскинг предизвици, а ќе има голем простор за складирање на сите податоци и содржини на корисникот. Смартфонот секако, има и слот за microSD картичка за дополнителни 256 GB меморија. Moto G5s Plus  располага со батерија со капацитет од 3000 mAh и тука главна предност е опцијата за брзо полнење преку microUSB 2.0  конекторот.

Камера

Главен адут на Moto G5s Plus  е двојната камера поставена на задната страна со два сензора од по 13 мегапиксели со доволно широки f/2.0 леќи. Главната дуо камера има автофокус па така брзо и лесно ќе ја прилагодите сцената, а има и дополнителни режими на сликање со панорама и HDR кога постојат повеќе извори на осветлување. Со комбинацијата на двете леќе се добиваат одлични ефекти на сликите со висок степен на прецизност на деталите. Селфи камерата има 8 мегапиксели и исто така нуди сосема пристојно ниво на квалитет за фотки кои ќе ги споделувате на социјалните мрежи.

Заклучок

Moto G5s Plus  е навистина симпатичен смартфон кој на корисникот ќе му понуди елегантност, перформанси на кои ќе може да се потпре во секое време, квалитетен дисплеј за одлична прегледност и солидни камери за надополнување на мултимедијалните функции. Со цена која се движи до 250 евра, Moto G5s Plus  е еден од најинтересните избори кога се во прашање смартфони од средната класа, па што мислите вие за него?

Автор: Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm