Honor 70: Достапен за сите што сакаат моќни перформанси и моќна камера

Објавено на 26.10.2022 12:00 во Рецензија


Honor 70: Достапен за сите што сакаат моќни перформанси и моќна камера

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Голем и тенок OLED екран;
+ Брзо полнење на батеријата и издржливост;
+ Моќни перформанси и голема меморија;
+ Ниска цена;
+ Добар софтвер;
+ Солидна камера;

 

Negatives:

- Нема сертификат за заштита од вода и прашина;
- Нема телефото камера;
- Нема безжично полнење;



Целата рецензија

Honor го претстави новиот модел Honor 70 на IFA и веднаш доби неколку награди. Според некои технолошки медиуми, новиот модел конкурира за најдобар смартфон во својата категорија, затоа што голем дел од очекувањата на аналитичарите се исполнети. Honor 70 се покажува како добар смартфон со солидна батерија и одлична камера.

Дизајн

Телефонот е лесен и тенок, висок, добро лежи во раката и лесно може да го регулирате звукот со една рака. Екранот има заоблени рабови од страната. Се работи за OLED екран од 120Hz, со големина од 6,67 инчи. Се што работите на него се одвива брзо и течно. Задната страна на телефонот е направена прилично атрактивна, блескава со рефлектирачки дијаманти. Honor 70 нема сертификат за заштита од вода и прашина.

Батерија

При тестирањето батеријата се покажа како издржлива, издржува цел ден со активно користење, а оние што не го користат многу, може и до 2-3 дена. Капацитетот на батеријата изнесува 4800mAh, и може да се наполни до 100% за само 40 минути, благодарение на полначот од 66W. 

Софтвер и хардвер

Android 12 е софтверот на кој што се базира корисничкиот интерфејс Magic UI 6, а треба да се спомне и прецизната биометрија, препознавање на лице и сензор за отпечатоци на прсти, имплементиран во самиот екран. Ова не е предводник, така што од него не треба да се очекува да го има најмочниот процесор. Qualcomm Snapdragon 778+ 5G извршува одлична работа, а благодарение на неговата работна меморија од 8GB, а внатрешна меморија од 128GB, телефонот ќе ви врши одлична работа. 

Се што работи на телефонот функционира беспрекорно и брзо и течно, без разлика дали станува збор само за сурфање, фотографирање или активирање на апликации. Honor 70 ви дозволува да играте игри без грижа на совест, затоа што има моќни перформанси. Видеата изгледаат повеќе од добро, но звукот од звучниците не е премногу задоволително.

Камера

Мора да се пофалат фотографските способности на Honor 70. Фотографиите снимани со главниот сензор Sony IMX800 54MP, како и со ултра-широк сензор од 50MP, се исклучително квалитетни со многу детали и одличен контраст. Третата камера се наоѓа од задната страна, која служи за утврдување на длабочина на сликите, а телефото камера нема. За снимањето на макро-фотографиите е задолжена ултра-широката камера, која што може да ги снима предметите на оддалеченост до 4см.

Телефонот е одличен за снимање на портрет и селфи, додека љубителите на видеа ќе ја ценат повеќе поддршката за снимање на 4K видеа. Квалитетот на фотоапаратот најмногу доаѓа до израз во текот на убавото време, но овој модел е одличен и во текот на ноќните услови, што особено се однесува на главната камера. 

Апликацијата за камера овозможува и некои трикови, кои што ќе ги ценат корисниците што често ги објавуваат на социјалните мрежи и видео платформите, па така камерата може да снима фотографии кога ќе препознае насмевка, а може да снима и видеа со две камери истовремено. На пример, може да снима истовремено и со предната и задната камера, како на пример, слика-во-слика, и слично.

Квалитет со мали компромиси

Honor 70 овозможува се што корисниците денес бараат од модерните телефони: голем екран, моќен хардвер, одлична камера и солидна батерија. Тоа се само некои од ставките што ќе ги привлечат корисниците, но тие ќе мораат да прифатат и одредени компромиси. Така тие би сакале и стерео звучници и можност за безжично полнење, а за некои улогата при избор на моделот ќе игра и фактот дека телефонот нема IP сертификат. Сепак, Honor 70 и воопшто не е лош, зарем не?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.