Huawei P Smart: Интелигентно учи за навиките на корисниците

Објавено на 23.02.2018 во Рецензија


Huawei P Smart: Интелигентно учи за навиките на корисниците

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Квалитетна камера со препознавање на далечина на објекти;
- Најновиот оперативен систем 8.0;
- Квалитетен дисплеј;
- Добар дизајн;
- Двојна задна камера;
- Ниска цена;
- „Интелигентен процесор“;
- Енергетска ефикасност;
 

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei го презентираше новиот Huawei P Smart, смартфон со целосно нов EMUI 8.0 кориснички интерфејс и фокус на FullView Display дизајнот. Телефони.мк имаше можност да го тестира овој модел на телефон, за кој заклучивме дека добро функционира со неговиот Smart Face Beauty алгоритам, снимање на гестови и другите функции, кои веруваме дека ќе ги привлече младите луѓе.

Дизајн и дисплеј

Huawei FullView екранот на Huawei P smart доаѓа со 5.65-инчен FHD+ IPS LCD дисплеј, со резолуција од 1080 x 2160 пиксели и соодност од 18:9, кој покрива 80% од предната страна на уредот. Новата P серија се карактеризира со едноставност и елеганција, како и рамна и пријатна површина. Нашето искуство ви го препорачува телефонот, поради неговиот мазен дизајн и супер дизајн. Конструкцијата на уредот е издржлива дури и да ви падне, дефинитивно нема да се скрши. 

Звучникот се наоѓа над екранот, кој продуцира чист звук и нема да имате проблем со него. Екранот зафаќа 76% од предната страна, што значи дека има само мали празни површини од страните. Сензорот за отпечатоци се наоѓа од задната страна на телефонот на средината, кој функционира прилично точно. Од долната страна има 3.5мм џек за слушалки, и звучник, кој вади квалитетен аудио тон.

Од десната страна се наоѓа копчето за вклучување/исклучување и копчето за подесување на висина на звук. Боите на екранот се квалитетни и точни, така што нема да имате проблем кога ќе прелистувате и читате на интернет. Светлината на дисплејот е дефинитивно одлична за време на силна сончева светлина и тоа е голем плус. Ако одите во пустината Сахара, тогаш нема да имате апсолутно никакви маки. 

Камера

Huawei P smart содржи двојна задна камера од 13MP + 2MP, како и Smart Face Beauty режим за снимање преку гестови. Благодарение на високо прецизните сензори на камерата и пикселите за фазна детекција, HD камерата од 13MP нуди фокусирање во реално време со прецизно фокусирање, со што може прецизно да се снима било кој кадар. Оваа серија доаѓа со развиен ISP Hisilicon процесор со подобрена експресија на бои и намален шум, овозможувајќи во било кој момент да фотографирате и да направите квалитетни слики. 

Со цел да се подобри снимањето на ноќните фотографии, Huawei P smart содржи пет групи со прецизни леќи, кои овозможуваат снимање на почисти фотографии при лошо осветлување. Новиот уред содржи предна камера за разубавување од 8MP, која има портретен начин за снимање на фотографии. Со опцијата за препознавање на лица и портретниот начин на снимање, со предната камера може да се прави совршена селфи фотографија.

Освен тоа, P smart содржи и опција за снимање со гестови, па селфијата може да се снимаат и со одредени движења со дланката. Погледнете какви фотографии направивме на плоштад Македонија. Очигледно е дека телефонот има добра камера, затоа што лесно воочлива е позадината со препознавање на далечината на објектите, што го препознавме кога снимавме и видео, што може да го погледнете одоздола:

Софтвер и хардвер

P smart има уникатна Smart опција за извршување на повеќе задачи одеднаш, односно активирање на две апликации истовремено, со повеќе опции. Корисничкото искуство е беспрекорно со најновиот интерфејс EMUI 8.0 и Kirin 659 процесорот. Процесорот е изработен со подобра хардверска обработка на информации, а во комбинација со EMUI 8.0, Huawei P smart на интелигентен начин ги учи навиките на корисниците. 

Врз основа на тоа учење, точно го предвидува однесувањето на корисниците и прецизно дава инструкции на процесорот, со цел однапред да обезбеди простор за покренување на апликации во иднина. Така се овозможува уживање за време на ракувањето со телефонот и мазно корисничко искуство.

Со оглед на тоа што смартфоните што го активираат Android, со текот на времето стануваат се побавни, EMUI 8.0 користи напреден систем за обработка на датотеки, со што го намалува и чисти системот. Истовремено софтверот ја намалува фрагментацијата на датотеките, овозможувајќи му на смартфонот да работи побрзо и поефикасно.

Новата P smart серија се одликува со Kirin 659 процесорот, кој има подобри енергетски перформанси, а со i5 mini-core процесорот ги извршува едноставните задачи како што е GPS локацијата, со цел да се задржи на ниска потрошувачка енергија. На тој начин дефинитивно ја штеди батеријата.

За безбедноста се грижи новата генерација на сензор за отпечатоци на прсти 4.0, која има подобро корисничко искуство од конкуренцијата. Освен тоа, Huawei ја спојува функцијата за препознавање на отисоци на прсти со други функции, со цел да развие нови апликации како што се навигацијата за отисоци на прсти, снимање на отисок од прстот и деактивација на будилникот со помош на отисокот од прстот.

Со тоа, Huawei P smart има и екран што се дели на половина, Phone Clone, Huawei Share и двојна Bluetooth конекција. Неговата батерија со капацитет од 3.000mAh овозможува целодневно користење на смартфонот со помош на интелигентната технологија за штедење на енергија. 

Заклучок

Ако сакате да купите смартфон од пазарот на телефони за средна класа, Huawei P Smart е перфектен уред за вас. Издржлив е, квалитетен, брз и безбеден. Како за телефон од 250 евра, што би посакале повеќе? P Smart моделот на Huawei е фантастичен и ценовно прифатлив смартфон, кој е креиран за да импресионира. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm