Nothing Phone (1) е „модерниот iPhone“ со флуоресцентна светлина

Објавено на 27.10.2022 12:00 во Рецензија


Nothing Phone (1) е „модерниот iPhone“ со флуоресцентна светлина

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
9.1


резултат
9.7


Наши забелешки

Positives:

+ Релативно ниска цена;
+ Скенер за отпечатоци на прсти под екранот;
+ Креативен и иновативен дизајн;
+ Екран од 120Hz;
+ Голем екран и висока точност на боите;
+ Моќен хардвер;
+ Добар еко-систем;

 

Negatives:

- Копија на iPhone;
- Слаба камера;
- Брзо се троши батеријата со активно користење;



Целата рецензија

Nothing Phone (1) е првиот смартфон од новата стартап компанија на Карл Пеј. „Nothing“ преведено на македонски јазик значи „ништо“, но телефонот дефинитивно заслужува внимание, затоа што изгледа навистина поинаку со својот креативен дизајн. Nothing Phone (1) конкретно е телефон од средна-премиум класа, што сака да биде поинаков и достапен. Неговата европска цена од 470 евра и не е толку лоша.

Дизајн

Nothing Phone (1) има заоблен дизајн на рабовите, со солидна височина и поинаков изглед, аналитичарите го нарекуваат „модерниот iPhone“. Многу добро избалансиран дизајн, лесен за ракување со едната рака. Дефинитивно ќе уживате додека го ракувате, кој го има логото позади, исто како Apple логото што го има iPhone.

Предниот и задниот панел се заштитени со Gorilla Glass 5, што значи дека е високо отпорен на падови. Ако бирате бои, имате само бела и црна боја.

Екран

Моделот има 6.5-инчен AMOLED екран со резолуција од 1080 x 2400 пиксели. Има висока точност на боите и добра сатурација и калибрација со топли бои. Екранот има 120Hz, што значи дека брзо реагира на било какви промени. Има поддршка за always-on режим и ви покажува колку е часот и нотификации. Позади има и сијаличка за известувањата. Под екранот има и сензор за отпечатоци на прсти. Браво.

Камера

Nothing Phone (1) има двојна задна камера од 50MP (Sony IMX766 + F1.88 бленда) и 50MP ултра-широка камера со Samsung JN1 сензор + F2.2 широчина на бленда. Нема телефото, нема зумирање и нема макро камера. Штета. Повеќето од сликите изгледаат многу добро, малку се пресатурирани и најдобро е да фотографирате со него дење, затоа што ноќните фотографии не се задоволителни. 

Селфи камерата е 16MP со Sony IMX471 сензор, која и не е така лоша. Деталите се прилично остри и чисти, само што сликањето ноќе има потешкотии. Деталите стануваат замаглени. 

Хардвер

Nothing Phone (1) можеби не е многу скап, но Qualcomm Snapdragon 778G+ процесорот е прилично добар и овозможува одлични перформанси во брзината на телефонот. За дневни активности Nothing Phone (1) е прилично брз и брзо одговара. Доаѓа со 8GB RAM или 12GB RAM меморија, во зависност која верзија ви е потребна.  Благодарение на добриот хардвер, нема да имате проблеми ако сакате да играте игри. 

Софтвер

Nothing Phone (1) функционира со Nothing OS 1.1.2 кориснички интерфејс, базиран на Android 12 софтверот. Имате многу интересни додатоци, како што се на пример стилизирани виџети и можноста за екстра големи фолдери, кои што ви овозможуваат да ги активирате апликациите без да го отворите фолдерот. Тие се како мини фиокари за апликации на вашиот почетен екран. 

Батерија

Nothing Phone (1) располага со батерија со капацитет од 4,500mAh, која може да трае до еден ден со прелистување, социјални мрежи, гледање видеа на YouTube или TikTok, допишување или e-mail. Се зависи колку и како го користите. Препорака е да го подесите екранот на 60Hz кога играте игри, и да ја вклучите High Refresh Rate опцијата, со цел да ја зачувате батеријата. Модерните наслови како што се Apex Legends ќе го лимитира екранот до 50 или 60 FPS, додека Minecraft може и со 120FPS без да ве праша и да ви ја „изгори“ батеријата до 100% за само 4 часа. Се полни со брзина од 33W. Безжично се полни со брзина од 15W.

Пресуда

Аналитичарите сметаат дека Phone (1) ќе биде срцето на технолошкиот еко-систем и ривал на Apple. Дали е ова навистина можно, останува да видиме во иднина. Како прифатлива класа на уред, Nothing Phone (1) има одлични перформанси и одлична цена. Ова е нешто што досега не сте го виделе, и сигурни сме дека ќе му фрлите мерак. Како ви се допаѓаат неговата цена од 470 евра и неговиот атрактивен дизајн?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.