Xiaomi Black Shark 5 Pro: Беспрекорен гејминг смартфон со добра цена

Објавено на 29.10.2022 09:55 во Рецензија


Xiaomi Black Shark 5 Pro: Беспрекорен гејминг смартфон со добра цена

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
9.8


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Специјално дизајнирани копчиња за играње;
+ Можност за стриминг на игри или снимање на вашето играње;
+ Супер моќни перформанси со голема меморија;
+ Одлична предна камера за снимање на вашите игри;
+ Напреден гејмерски софтвер;
+ Голем OLED екран со 144Hz;
+ Супер брзо полнење;
+ Ниска цена;

 

Negatives:

- Мал капацитет на батеријата



Целата рецензија

Гејминг смартфоните полека се издигнуваат на сцената. Новиот Black Shark телефон го подобрува вашето гејминг искуство со бројни подобрени хардвер контроли. Black Shark е бренд специјализиран за гејмерски смартфони, а Black Shark 5 Pro пристигнува со две механички копчиња што активираат играње игри.

Екранот на Black Shark 5 Pro има две места за допир, за активирање на одредени опции, со притискање на левиот или десниот прст, можете да активирате две екстра команди.Со мрдањето на вашите прсти околу телефонот, имате пристап кон 4 различни копчиња, исто како да држите контролер. 

Дизајн и дисплеј

Гејминг телефоните имаат супер-агресивен дизајн, што дефинитивно ви дава до знаење дека се работи за таков тип на смартфон. Black Shark 5 Pro на задниот панел има типичен технички дизајн од задната страна на телефонот. Има и RGB LED светла таму. Има и 6.67-инчен OLED екран со 144Hz, со неверојатни 720Hz.

Хардвер

Гејминг телефоните имаат потреба од гејминг хардвер, Black Shark 5 Pro е опремен со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 процесор, при што го имаме во различни верзии со меморија: 256GB ROM + 8GB RAM или 512GB ROM + 16GB RAM меморија. Перформансите се навистина одлични и нема да имате проблем кога ќе играте игри. Има два стерео звучника кои што не можете да ги блокирате кога го држите телефонот во Landscape. Звукот е навистина висок и квалитетен.

Софтвер

Има бројни софтверски подобрувања, направени специјално за гејмери. Софтверот на Black Shark 5 Pro се нарекува Joy UI 13, кој изгледа многу слично како Xiaomi MIUI. Кога ќе го приклучите гејминт хабот Shark Space, ви го трансформира телефонот и ве претвара во вистински гејмер.

Shark Space може да ги блокира сите дојдовни нотификации, да ја исчисти вашата RAM меморија и да ја заклучи светлината се додека не лансирате некоја игра. Тоа значи дека вашиот телефон ќе биде резервиран исклучиво за игри, доколку вие така сакате. Може да го претворите во мини гејминг конзола без никакви прекини. Може и да ја стримате вашата игра или да се снимате сами.

Камера

Black Shark 5 Pro располага со 108MP главна камера од задната страна, што значи дека по автоматизам креира фотографии од 12MP со комбинирано пикселизирање во 9 групи. Широчината на блендата изнесува F1.75, што значи дека има одличен замаглен ефект на позадината. Втората камера е ултра-широк сензор од 13MP и 5MP макро камера, која што асистира доколку сакате да се доближите до предметот или да фатите нешто што е поголемо. Селфи камерата изнесува 16MP, што е навистина добро, доколку сакате да го стримате вашето гејмање. 

Батерија

Најмоќниот Black Shark досега има батерија со капацитет од 4,650mAh, што значи дека е доволно за да ве издржи еден ден со нормално користење. Неговиот полнач од 120W навистина не треба да ве загрижува колкава е батеријата, затоа што ќе ви ја наполни за многу брзо време, за околу половина час. За 15 минути полнење имате 50% батерија.

Заклучок

Со оглед на екстра хардверските контроли, Black Shark 5 Pro очекувавме и да не е толку евтин. Неговата цена изнесува 800 долари, што е одлично, со оглед на сите функционалности што ги поседува. Ако сакате стерео звучници, супер брз екран и да заштедите пари, почетната цена на Pro Black Shark 5 почнува со 550 долари, го има и со Snapdragon 870 процесор, итн. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.