Маск го спрема теренот за официјално преземање на Twitter

Објавено на 28.10.2022 19:06 во Рецензија


Маск го спрема теренот за официјално преземање на Twitter

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Twitter наводно ќе се развива во демократска насока;

 

Negatives:



Целата рецензија

Официјално нема потврда дека Илон Маск и челниците на Twitter потпишале договор за сопственост на Илон Маск, но изгледа дека е само прашање на време кога ќе биде соопштено.

Илон Маск во април објави понуда за преземање на Twitter, но после бунтувањето на директорите на Twitter за оваа идеја, сепак ја прифатија понудата на Маск. Така започна оваа сапуница што веќе трае 6 месеци. Маск достави барања пред Управниот одбор на Twitter, а кога не ги доби, се закани дека од преземањето нема да има ништо.

Директорите во Twitter не му останале должни, па одлучиле да го тужат со цел да го примораат судски да ја испочитува понудата и да го преземе Twitter за цената што првобитно му ја понудил. Судот одреди до денес, 28 октомври, Маск да се договори со Twitter околу купувањето. Изгледа дека се договориле.

Пак ќе повториме дека официјално нема информација од двете страни, но наводно Илон Маск најавил дека ќе се обрати до Twitter најдоцна до денес, 28 октомври. Во меѓувреме го посети седиштето на Twitter, носејќи мијалник во рацете, играјќи си игри со англиската фраза "let that sink in" (прво нека ви легне, анг. sink - мијалник).

На својот профил на Twitter, го промени описот во "Chief Twit", што може да се протолкува со повеќе значења, но повеќето се согласуваат дека тоа би требало да сигнализира дека Маск е спремен да го преземе кормилото на Twitter. Со тоа, денес објави и своевидно писмо, со кое што се обраќа кон огласувачите на Twitter и во кое може да се наведат причините зошто одлучи да го купи Twitter. 

„Причините зошто го купив Twitter важно е за иднината на цивилизацијата да има заеднички дигитален плоштад за глад, каде ќе може да се расправа за различните верувања на здрав начин, без посегнување по насилство. Моментално постои голема опасност за социјалните мрежи да се разделат на десна и лева, кои што генерираат повеќе омраза и прават поделби во општеството“, вели Маск.

Многумина го протолкувале ова негово обраќање како ова да е официјално купување на Twitter. Дали Маск исто ќе им се обрати и на своите пријатели и останатите корисници на Twitter, останува допрва да видиме.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.