Жешки теми од Mobile World Congress во Барселона

Објавено на 05.03.2018 во Рецензија


Жешки теми од Mobile World Congress во Барселона

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- 5G технологија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Mobile World Congress е местото каде што се собираат најновите технологии на едно место. Барселона годинава стави акцент на 5G технологијата, делумно на роботика и најмногу на мобилната технологија со мотото „Creating a Better Future“.

Препорачуваме жешка тема: „Видео: Прв поглед на Huawei MediaPad 5 8.0

Препорачуваме жешка тема: „Кајлин Хонг: Xiaomi е горд што го постави Full Display трендот

Саемот беше сведок на иновативните компании, од кои присутни беа топ брендовите Samsung, Huawei, Sony, Xiaomi, ZTE, Nokia, Lenovo, Дојче Телеком, Motorola, Google, Alcatel, LG. 

Препорачуваме жешка тема: „Lenovo 100e Chromebook на MWC: Цврст и неуништив лаптоп

Препорачуваме жешка тема: „Alcatel 5 на MWC: Дизајн без рамки, ниска цена и најновиот Android Oreo“

Вреди да се спомне и дека Фернандо Алонсо, возачот на МекЛарен беше присутен таму, кој сака да биде сведок и учесник во менувањето на светот со технологијата.

Препорачуваме жешка тема: „Видео: Ова е изгледот на новиот Galaxy S9“

Препорачуваме жешка тема: „ZTE Axon M еден од водечките иноватори на MWC“

Екипата на телефони.мк го даде својот максимум за да ги пренесе најважните информации и новини. Понатаму бевме и кај нашите пријатели NOA, кои се занимаваат со мобилна телефонија за сечиј џеб, буџетни и премиум модели на смартфони.

Препорачуваме жешка тема: „HTC целосно и се посвети на виртуелната реалност на MWC 2018“

Впечаток ни остави роботот Pepper, кој умее навистина да ве забавува со повеќе режими, од кои презентерката ни ги вклучи режимот за диско играње и режимот за селфи. Фасцинантно е тоа што роботот се движи и трепка, менувајќи ги боите , и играјќи како вистински танчер кога ќе го активирате режимот за играње.

Препорачуваме жешка тема: „Каква иновација е Bright Mode на LG V30s?“

Кога го вклучивме режимот за селфи, почна да се врти и на двете страни и заземаше различни пози со цел да се вклопи добро со нашата селфи фотографија. Можете да го погледнете тоа и на самото видео.

Препорачуваме жешка тема: „Македонски Телеком на MWC најави прототип на „смарт“ маски за заштита од загадување“

Додека AT&T и Verizon имаат само најави за изградба на 5G мрежа за интернет во одредени градови, Т-Mobile веќе започнува со реализација на проектот за воведување во 30 градови до крајот на 2018 година. Имавме прилика да ја слушнеме изјавата на техничкиот директор на T-Mobile, Невил Реј, во живо на MWC во Барселона, кој вели дека нивните „конкуренти ни приближно немаат толку локации за 5G мрежа“. На почетокот на 2019 година ќе бидат презентирани и првите 5G смартфони.

Препорачуваме жешка тема: „Motorola на MWC 2018 - Многу нови Moto Mods и виртуелна реалност“

Во оваа прилика ви го издвојуваме интересното излагање на господинот Дејв Семпсон, кој е заменик претседател и директор за маркетинг во Real Networks компанијата, што се занимава со развој на камери.

Препорачуваме жешка тема: „Google Assistant ќе биде достапен на 30 јазици“

RealCV камерите, како што вели Семпсон, служат за детектирање на лице со пишување на името и полот на лицето. Камерата реагира веднаш кога ќе ви го регистрира лицето и со зелени букви ви го пишува името, доколку сте машки пол или со црвени букви доколку сте женски пол. 

Препорачуваме жешка тема: „Прво демо од Huawei MediaPad M5 Pro - Убиецот на iPad Pro

Ефикасноста на камерата е тоа што може да ве препознае дури и да носите капа или ако пуштите брада или мустаќи или носите очила. Во оваа прилика ја пробавме така што го покривме половина лице со раката, поради што камерата не можеше да не препознае. Камерата може да се поврзе со вашиот Android телефон или со голем смарт телевизор. 

Препорачуваме жешка тема: „Hands On: Moto Health Mode ќе ви биде личен дијагностичар“

Искрено, ова е еден од топ три најдобро организираните и најголемите технолошки настани во Европа. Сигурни сме дека во 2019 Барселона ќе биде сведок на драстично подобра и неверојатна технологија на Mobile World Congress. 

Препорачуваме жешка тема: „HMD Global со арсенал смартфони во Барселона за MWC 2018“

Препорачуваме жешка тема: „Sony Xperia XZ2 и XZ2 Compact: Светла точка на MWC 2018“

ASUS Zenbo роботот не беше активиран на штандот, но беше тука за разгледување, кој претставува пријателски расположен робот. Тој обезбедува забава и помош за фамилијата во смисла на безбедност на здравјето, при што може да испрати локација за итни случаи. На пример, во случај постарите членови на семејството да паднат на под, тој веднаш го мониторира вашиот дом и испраќа информации до надлежните служби.

Препорачуваме жешка тема: „CAT S61 на MWC: Телефон за најсурови услови“

Повеќе фотографии од MWC, Барселона, одоздола:

Препорачуваме жешка тема: „8810 е новиот „банана модел“ на Nokia“

Препорачуваме жешка тема: „Видео од MWC2018: Вака изгледаат холограмите од иднината“

Препорачуваме жешка тема: „BlackBerry на MWC 2018: „Мисијата е исполнета со KeyOne““

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm