Snapdragon 8 Gen 2 е ѕверот што сите го чекаат

Објавено на 17.11.2022 11:03 во Рецензија


Snapdragon 8 Gen 2 е ѕверот што сите го чекаат

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Вештачка интелигенција што го подобрува звукот, енергетската ефикасност и сликите;
+ Нов Wi-Fi 7 стандард;
+ Брзина зголемена за 30%

 

Negatives:



Целата рецензија

Qualcomm ги објави сите спецификации за својот чипсет од следната генерација: Snapdragon 8 Gen 2. Snapdragon 8 Gen 2 ќе се фокусира на подобри и поефикасни перформанси во задачите поврзани со вештачката интелигенција.

Станува збор за надграден Hexagon процесор, насочен кон вештачката интелигенција, која што паметно ќе ги обработува сликите и фотографиите, со нов модем, дизајниран за да извлече максимум перформанси од 5G мрежата, а ќе има и Wi-Fi 7.

Поголема брзина

Во споредба со Snapdragon 8 Gen 1, Kryo CPU Gen 2 вклучува едно примарно јадро, базирано на Arm Cortex-X3, со 3,2GHz. Тука имаме и четири јадрени перформанси, една повеќе во споредба со минатата година на 2,8GHz и три јадра со ефикаснот од 2,0GHz. Сите наведени јадра се меѓу 200 и 300MHz побрзи од претходната генерација на најмоќниот Snapdragon чипсет.

Qualcomm тврди дека овој процесор е за 35% побрз во споредба со претходната генерација, со 40% заштеда на енергија. Adreno GPU е за 25% побрз во споредба со 45% подобрената енергетска ефикасност. Чипот е изграден со 4-нанометарска архитектура, како и претходниот Gen 1.

Од Qualcomm велат дека направиле подобрувања во целиот Hexagon процесор, со цел да овозможат за 4,35 пати побрзи перформанси со вештачката интелигенција. Тврдат дека новиот чипсет може да се носи со сложени задачи, како што е превод на повеќе јазици во реално време. 

WiFi поддршката е чекор пред сите, модемот има сопствена AI

Wi-Fi 6 е се уште во фаза на проширување, а Qualcomm веќе додадел и Wi-Fi 7 способности во новиот чипсет, така што 8 Gen 2 е првиот процесор што има поддршка за новиот стандард. 

Snapdragon X70 е модемот што го најавија на Mobile World Congress, порано оваа година, кој што е вклучен во новиот чипсет, со свој AI процесор, кој помага да се зголеми 5G покриеноста и брзината на мрежата. X70 исто така овозможува двојна активна 5G SIM картичка, што значи дека може да се користат две различни 5G мрежи истовремено.

Подобар звук

Кога станува збор за квалитетот на звукот, новиот процесор сега поддржува динамички просторен звук, така што звукот се движи со вас додека ја мрдате главата со компатибилни слушалки. Станува збор за додаток на Snapdragon Sound платформата, н отоа веќе го нудат LG, Samsung и Apple. Што се однесува до играњето на мобилните игри, чипсетот сега поддржува следење на осветлување во реално време, што се базира на хардвер, за пореалистично светло и рефлексија, а компаниите како Oppo и Asus ќе имаат поддршка за него во следните уреди.

Смарт слики

Qualcomm Spectra Image Signal Processor сега има "Cognitive ISP" ознака, со можност за користење на семантичка сегментација во реално време за фотографии и видеа. Тоа му помага на системот за обработка на слики за идентификација на различни видови на предмети на сликата и примена што одговара во подесувањето на сликите. Во теорија, помага на камерата да разликува нешта како што се лице, коса и небо, и да ја прилагодува бојата кон секој сегмент поединечно, додека се слика или снима. Тоа го олеснува предвидувањето како конечната слика ќе изгледа и пред да се изврши софтверската обработка на сликата.

Snapdragon 8 Gen 2 е подесен за да може да ги поддржува новите сензори за слики на Sony и Samsung, компаниите што ги произведуваат речиси сите сензори за камери на смартфони.

Поддршка за 8K снимање и репродукција

Поддржува снимање и репродукција на 8K видеа, но моменталните уреди поддржуваат само 4K резолуција, па така оваа можност веројатно ќе биде неискористена кај следните генерации на смартфони. Опцијата „постојано вклучени“ камери е претставена со Gen 1 и преименувана е во помалку морничав назив „постојано детектирање“, а поддржува нешта како што е автоматско сокривање на известувањата, кога ќе открие дека некој друг гледа во екранот на вашиот телефон.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.