„Ѕверот“ (MrBeast) го симна PewDiePie од тронот и стана најпопуларен YouTube-р - Како и зошто?

Објавено на 18.11.2022 11:36 во Рецензија


„Ѕверот“ (MrBeast) го симна PewDiePie од тронот и стана најпопуларен YouTube-р - Како и зошто?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Забавната индустрија има конкуренција, MrBeast го надмина PewDiePie, доајенот на инфлуенсерството на YouTube;

 

Negatives:



Целата рецензија

Феликс Кјелберг не и значи многу на јавноста, затоа што не го препознаваат по вистинското име. Тој на интернет е познат по неговиот прекар PewDiePie. Тој е еден од пионерите во светот на инфлуенсерите на YouTube и во август 2013 година, стана youtube-р со најголем број на претплатници. Таа бројка во 2019 година надмина неверојатни 100 милиони корисници. Потоа полека собираше нови милиони претплатници, но истовремено растеше и конкуренцијата на видео сервисот на Google.

Џими Доналдсон е еден од бројните инфлуенсери, кој што собираше претплатници со голема брзина, познат под името MrBeast. Бројот на неговите претплатници овој месец достигна 112 милиони, со што официјално го надмина PewDiePie, кој на видео сервисот моментално го следат 111 милиони претплатници.

За оние што се прашуваат која е тајната на MrBeast и зошто има толкуи следбеници, објаснува британскиот youtube-р Стивен Бриџес за BBC. Тој вели дека MrBeast постојано ги прави најзабавните видео записи, кои се интересни за поголема маса на луѓе. Креирањето на забавни видеа е една работа, но исклучително тешко е да направите видео, во кое секоја секунда го привлекува вниманието на гледачот.

Бриџес тврди за својот колега дека најдобро ја совладал вештината за создавање на привлечна содржина на YouTube. „Мислам дека не постои youtube-р кој што е изненаден што MrBeast ја презема првата позиција“, вели Бриџес.

MrBeast ги освои своите милионски следбеници со видео записи, на чија продукција троши многу пари, со делење на пари и награди, но и со својата добротворна работа. Минатата година го лансираше својот филантропски канал на YouTube, кој има над 10 милиони претплатници, а води и добротворна организација, чија цел е да овозможи оброци на оние што им се најпотребни во САД. Заедно со колегата youtube-р Марк Робер, организирал собирање на средства за заштита на околината и засадување на дури 20 милиони дрвца низ цел свет. Собрани се над 24 милиони долари, а еден од донаторите бил и PewDiePie. Отворил дури и ресторан во кој што продава бургери, а отварањето привлекло илјадници обожаватели.

Што се однесува до шведскиот креатор на содржини, тој оваа промена не ја коментирал, но пред неколку месеци говорел дека MrBeast наскоро ќе го надмине според бројот на претплатници, што ќе биде потполно заслужно и едвај чека сето тоа да заврши.

MrBeast го надмина PewDiePie и не треба да се соменваме дека бројот на неговите следбеници на YouTube ќе продолжат да се зголемуваат и понатаму. Мора да нагласиме дека станува збор за индивидуални канали на YouTube, додека со општите канали со најголем број на претплатници, MrBeast е далеку зад T-Series, индиската музичка издавачка компанија, која што има над 200 милиони претплатници. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.