Знаци дека вашиот смартфон е заразен со малвер

Објавено на 22.11.2022 08:01 во Рецензија


Знаци дека вашиот смартфон е заразен со малвер

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Заштита на корисниците од вируси преку едукација и информирање;

 

Negatives:



Целата рецензија

Без оглед на тоа кој уред го користите, нема целосна сигурност дека вашиот компјутер, таблет или телефон, нема да се зарази со малициозен софтвер. Општо се смета дека Apple телефоните се побезбедни од Android и сите корисници на оперативниот систем на Google се советуваат да ја користат официјалната Google Play Store продавница, наместо продавници за апликации на трети странки. Се разбира, ниту тоа не е гаранција за апсолутна безбедност.

Ако вашиот телефон одеднаш почне да се однесува чудно, односно забележите промени кај него, постои можност да е заразен со малвер. На Business Insider ги опишуваат најчестите знаци што ве упатуваат дека вашиот Android би можел да биде заразен со малвер / вирус.

Вашите контакти добиваат спам пораки од вашиот профил: Ако вашите пријатели и колеги одеднаш почнуваат да добиваат спам пораки што не сте ги испратиле, постои можност на телефонот да имате малвер што го преземал вашиот email и од него испраќате пораки. 

Pop-up реклами: Ако ви излегуваат реклами на екранот на вашиот телефон, тоа е знак дека на уредот имате злонамерен софтвер. Станува збор за вид на малвер, дизајниран за да прикажува реклами на корисниците.

Непознати апликации инсталирани на телефонот: Појавувањето на иконката со непознати апликации, односно оние што не сте ги инсталирале на своите уреди е уште еден знак за потенцијална зараза со малвер, затоа што постои голема можност дека токму малициозниот софтвер ги инсталирал тие апликации на вашиот телефон.

Брзо празнење на батериите: Со оглед на тоа што малверот може да активира бројни позадински процеси, тоа ќе влијае и врз трајноста на батеријата. Исто така, обрнете внимание и на загревањето на телефонот во ситуации кога не го користите за некои процесорски активности што бараат голема моќност.

Зголемена потрошувачка на податоците: Уште еден знак за потенцијална зараза со малициозен софтвер, затоа што малверот без знаење на корисникот, може да ги злоупотреби податоците за преземање на апликации, испраќање на податоци од телефонот, итн.

Апликациите често паѓаат: Ако одеднаш забележите дека апликациите почлнуваат почесто да паѓаат од претходно, постои можноста на телефонот да имате малвер

Што да направите?

Постојат неколку решенија како може да се реши овој проблем. Првиот е чистење на кеш меморијата, затоа што малвер често го напаѓа прелистувачот на интернет страниците, па така празнењето на кеш меморијата може да се отстрани од меморијата. Потоа се советува активирање на телефонот во безбеден режим. Со овој начин треба да се побара потенцијално сомнителни апликации и да се избришаат.

Play Protect е она што најчесто се прпеорачува, бесплатна анти-малвер алатка што ја проверува безбедноста на апликацијата, како и користењето на вториот анти-малвер софтвер. Секогаш постои можност за ресетирање на телефонот, односно негово враќање на почетните поставки, што подразбира бришење на својата содржина од уредот и повторна инсталација на апликациите. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.