Животот на ко-основачот на Facebook се променил после разговор со Цукерберг

Објавено на 24.03.2018 во Рецензија


Животот на ко-основачот на Facebook се променил после разговор со Цукерберг

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Вистинската одлука во вистинското време;

 

Negatives:

- Низок удел во сопствеништвото;



Целата рецензија

Во март 2004 година, животот на ко-основачот на Facebook, Крис Хјус, се променил драстично после разговорот со цимерот Марк Цукерберг. Конкретно, благодарение на овој разговор, тој доби заработка од една четвртина милијарда долари, осум години подоцна.

Крис е еден од четворицата основачи на проектот на Цукерберг, со којшто станал еден од најуспешните луѓе во светот. 

„Тие мали одлуки и разговори имаат големо влијание, како оние што ги имавме јас и Марк, неколку месеци после лансирањето на Facebook за време на прошетката, имаше разговори за еднаквост“, вели Крис, укажувајќи на големата разлика меѓу богатите и сиромашните.

Таа ноќ бил на работа, од која добивал по 10 долари од час. Тогаш разговарал со Марк затоа што требало да го лансираат Facebook надвор од ѕидовите на Харвард. Тогаш разговарале за неговиот дел од сопствеништвото на новата, се уште неродена, социјална мрежа. Двајцата разговарале со чадори на дожд. Крис побарал 10% од приходите, што во тоа време му се чинело како премногу амбициозно. Марк сметал дека не заслужува толку, затоа што неговиот придонес е голем, но не до толку. 

Хјус му рекол да му даде колку мисли тој дека е фер да му даде. Неколку недели подоцна, Цукерберг му дал само 2% од заработката, што било најмал процент од сите други на кои биле поделени парите, односно на ко-основачите. Процентот бил многу мал, но сепак му донел заработка од 500 милиони долари, кога компанијата пораснала во 2012 година.

Она што Крис Хјус го советува е дека сите можеме да заземеме став и дека денес 20-годишни луѓе може да направат гигантски компании исто каква што е Facebook. Тоа е новитетот што модерното време го носи со себе.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus