Xiaomi Redmi 10C: „Ало,ало“ телефон, со одлична цена и функционалности

Објавено на 28.11.2022 11:42 во Рецензија


Xiaomi Redmi 10C: „Ало,ало“ телефон, со одлична цена и функционалности

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.5


Цена
10.0


Камера
9.5


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

+ Претерано евтина цена;
+ Добар процесор;
+ Доволна меморија;
+ Добра камера;
+ Сензор за отпечатоци на прсти и препознавање на лице;
+ Квалитетен дизајн;
+ Нов оперативен систем;
+ Голема батерија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Redmi 10C е значително поевтина верзија на Redmi Note 11, со ист процесор. Дали вреди да спасите некој денар или треба да вложите во поскапа верзија на Redmi? Зависи од вашите приоритети, ајде да го погледнеме супер евтиниот модел Redmi 10C, кого најчесто го купуваат корисниците што имаат потреба само од, како што велат тие, „ало, ало“. Се разбира, телефонот си нуди се што нуди еден модерен смартфон, само со ограничена меморија и послаби перформанси. Квалитетот и цената на уредот се на високо ниво, ова го кажуваме од искуство.

Дизајн

Redmi 10C доаѓа со пластичен дизајн, со коцкаст модул за камерата, и покрај тоа што има само една камера. Се разбира, производителот се потрудил да направи дизајнот да изгледа модерен, со цел да не се разликува многу од премиум дизајнот на скапите смартфони. Имате сина, сива и зелена боја од овој телефон. Изработката е солидна и не се крши толку лесно, затоа што има високо квалитетна пластика и Gorilla Glass 3 заштита на стаклото. 

Имате NFC технологија за мобилно плаќање, Bluetooth 5.0 технологија, а microSD читачот има влез за 2 SIM картички или една SIM и една microSD картичка. IPS екранот од 6.71 инчи располага со резолуција од 720p, кој е доволен за секојдневна употреба. 

Софтвер

Redmi 10C има 4G фреквенција , MIUI 13 кориснички интерфејс, базиран на Android 11 софтвер. Софтверски закрпи имате веднаш достапни после вклучувањето на уредот, како и надградба со Android 12 оперативен систем. Надградба со новите Android верзии и безбедносни софтверски закрпи ќе имате на секои 90 дена, се до февруари 2025 година.

Екранот од 60Hz е лесен за употреба и сензитивен. Сензорот за отпечатоци на прсти е интегриран во модулот на камерата. Само леваците може да имаат проблем со достигнување на сензорот за отпечатоци од деснаците. Скенерот го отклучува смартфонот за многу кратко време. 2D препознавањето на лицето може исто така да се смета за предност, кое што може да се употребува за отклучување на лицето. Софтверското решение функционира прилично добро во околина со помала светлина, но не е 100% сигурно дека ќе го отклучите телефонот на тој начин.

Камера

Главната камера се одликува со Samsung ISOCELL JN1 сензор од 50MP, кој што го поседува и Redmi Note 11. Redmi 10C нема широко-аголен сензор, а макро леќите што ги имаше кај претходните се отстранети. Се разбира, тоа влијае на цената, која што буквално секој може да си ја дозволи. Сензорот за длабочина од 2MP во портретен режим го имаме и овде.

Сликите на Redmi 10C имаат недостаток на динамика, светлите области креираат пресветли слики, додека темните простории креираат темни слики со нејасни детали. Нормално е за вакви перформанси. Во услови на слаба осветленост Redmi 10C има пристојно осветлување со благо замаглување во деталите. 

Видеа може да снимате во 1080p резолуција со 30fps. Подесувањето на светлината функционира задоцнето, но доволно добро. Автофокусот функционира исто така добро. Предната камера има резолуција од 5MP и има добри слики без зголемување. Има јасност и во сликите со предната камера, која е полесно видлива во текот на денскиот период со повеќе светлина на отворено.

Перформанси и батерија

Redmi 10C располага со 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија, а со процесорот Snapdragon 680, дефинитивно нема да имате проблем. Имате голема предност за играње игри поради ниската резолуција на екранот, па така телефонот нема да ви кочи. Имате 3.5мм џек за слушалки, Bluetooth 5.0 технологија, и поддршка за 18w полнење. Во пакувањето за жал имате само 10w полнач гратис со него комплет. Со овој полнач телефонот се полни 2:30 часа додека да се исполнат сите 5,000mAh. Со побрз полнач, може ова време да се намали и до 2 часа. Со целосна батерија може да сурфате на интернет и до 15 часа пред телефонот да биде вклучен повторно.

Заклучок

Xiaomi Redmi 10C е евтин смартфон со цена до 150 евра, што значи дека многу нуди, а малку бара. Батеријата, дизајнот, изгледот, брзината и ниската цена се она што победува во овој буџетски тип на смартфон. Xiaomi Redmi 10C е дефинитивно смартфон за сите буџетски корисници. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.