Заборавете го GPS, наскоро добиваме SuperGPS со висока прецизност

Објавено на 29.11.2022 11:45 во Рецензија


Заборавете го GPS, наскоро добиваме SuperGPS со висока прецизност

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Поголема прецизност во патувањето;
+ Поголема прецизност во наоѓањето на локации;
+ Поголема прецизност во времетрајноста на патувањето;

 

Negatives:



Целата рецензија

GPS (Global Positioning System) за повеќето корисници што патуваат е безбедносен столб за проценка на времето на патувањето, наоѓањето на патиштата до новите места, избегнувањето на сообраќајните метежи и општо избегнување на губењето на време во лутање или потрага по нешто.

GPS не е секогаш доверлив систем, во кој што можеме 100% да веруваме, иако секогаш ни помага. GPS може да потфрли во населените места, каде што е тешко да се повлече рамната линија на видливоста до и од сателитот. Научниците сега смислиле подобра технологија, која што со текот на времето ќе го замени GPS во одредени аспекти. Новата SuperGPS технологија има спецификација со точност до 10 сантиметри и не се потпира на навигациските сателитски системи.

Нов систем, независен од сателити

Новиот пристап применува мрежи слични на мобилните мрежи, но наместо пренос на податоци на нашите телефони, мрежата добива точна локација на уредот. Комбинацијата од радио-предавател и мрежа со оптички влакна е темелот на новиот систем, како и упте некои дополнителни смарт подесувања. 

„Сфативме дека со неколку врвни иновации, телекомуникациските мрежи може да се трансформираат во многу прецизен алтернативен систем за позиционирање, независен од GPS. Успеавме и успешно развивме систем што може да овозможи поврзување, исто како што го прават тоа постоечките мобилни и Wi-Fi мрежи, како и точното позиционирање и дистрибуција на времето како што е GPS“, истакнува физичарот Јероен Коелемиј, од универзитетот Vrije Universiteit Amsterdam, во Холандија.

Синхронизиран атомски часовник

На тестната локација со шест радио предаватели, истражувачите го демонстрирале својот систем на површина од 660м2. Времето на преносните радио сигнали, може да се мери и толкува за мерење на оддалеченост, која потоа ја открива положбата на поединечни уреди. Една од клучните компоненти на новиот систем е мрежното позиционирање, е „синхронизираниот атомски часовник“, затоа што совршено мерење на време значи и прецизно позиционирање. Оптичките кабли во основа делуваат како врски што одржуваат се да биде синхронизирано и точно до милијардити дел од секундата.

Новиот систем за геолокација исто така применува пропустливост на радио сигнал, која што е многу поголема од нормалната. Иако пропусниот опсег на радио спектар е скап поради недостаток, холандските научници примениле комбинација од неколку радио сигнали со помала пропустливост, со цел да се создаде поголема виртуелна пропустливост за мрежна комуникација. Во таа дополнителна пропустливост преовладува еден од најголемите проблеми со стандарден GPS, а тоа е дека радио сигналите се одбиваат од зградите и стануваат збунувачки.

Тоа може да го направи GPS да биде несигурен, на пример, во урбано опкружување, што може да биде проблем ако некогаш ни затреба да го користиме во автоматизирани возила. 

Поглед во иднината

Новиот систем и автономните возила би можел да биде корисен во планирањето на квантни комуникациски мрежи и мрежи од следната генерација на мобилни уреди, тврдат холандските научници. 

Глобалниот сателитски навигациски систем (GNSS) и GPS, имаат своја намена и тоа ќе трае уште долго време, но експертите сепак бараат начини како да ги подобрат и да ги усовршат. Ќе бидат потребни уште многу тестирања со цел да се утврди дека SuperGPS е вистинска алтернатива на GPS. Со предложениот мрежен систем исто така ќе биде потребно да помине време додека да се инсталира и покрај фактот што неговите преносни протоколи и хардвер, веќе се пуштени во употреба низ светот. Моменталните мобилни и Wi-Fi столбови би можеле барем да се прилагодат за таа работа, сметаат творците на SuperGPS.

Оваа работа овозможува увид во иднината, во која што телекомуникациските мрежи ќе овозможат мрежа и услуги за одредување на времето и позиционирање на GNSS со невидена прецизност и доверливост, наведуваат холандските научници во истражвуањето, во кое што е објавено во научното списание Nature.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.