СМС пораките се држат за сламка, уште ги има, најмногу во Африка

Објавено на 07.12.2022 07:00 во Рецензија


СМС пораките се држат за сламка, уште ги има, најмногу во Африка

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ СМС пораките се главно средство за известување на населението за природни катастрофи;

 

Negatives:

- СМС пораките се користат се помалку;



Целата рецензија

Првата СМС порака во историјата ја пренесе операторот Vodafone на 3 јануари, 1992 година. Вработениот во компанијата, Ричард Џарвис, ја примал првата порака со 15 знаци: "Merry Christmas" (Среќен Божиќ). СМС со својата едноставност донесе револуција во комуницирањето.

„Тоа е технологија со европско потекло“, изјавил Марк-Антоан Дупуи за AFP , син на францускиот инженер Фелипе Дупуи, кој се смета за еден од креаторите на GSM, 2G мобилната мрежа, која што го овозможи издигнувањето на СМС кон крајот на 1990-те години. 

СМС пораките во денешно време се разменуваат во неограничен број,збогатени со фотографии, видео пораки и други мултимедијални содржини, само што се ограничени на 160 знаци. Корисниците со текот на времето развија и свој „криптичен“ јазик со помош на интерпункциски знаци, со што прават смешковци. 

„Тогаш во Франција еден СМС чинел еден франак“, вели Жан Мишел-Хует, телекомуникациски експерт при консултативната компанија BearingPoint.  Тоа е исто како секој твит денес да чини 15 евро-центи. 

И покрај тоа што беа многу популарни на почетокот на 2010-те години, особено за честитање на Нова година, користењето на СМС е во постојано опаѓање. Само во Обединетото Кралство, бројот на пратени СМС пораки во последните 10 години се намалил четири пати, гласат податоците од Ofcom, британскиот регулатор за телеком компаниите.

Нагорен тренд на праќање пораки преку интернет

Главна причина за тоа е развојот на социјалните мрежи како што се Facebook, Snapchat, Instagram и други апликации за испраќање пораки како што се WhatsApp, Messenger, iMessage, Viber и Telegram. Тие избегнуваат роаминг благодарение на интернетот, а со тоа ги освоија младите генерации. Така започнаа и иновациите како што се креирање на група за разговор и потврда дека пораката е прочитана.

Голема популарност во Азија имаат апликациите WeChat (Кина), Line (Јапонија) и KakaoTalk (Јужна Кореја). Возрасните групи од 16 до 24 години ги користат тие апликации во голема мера, а во последната година користењето порасна за 53,73%. Употребата на СМС последната година има пад од 29%, според истражувањето на европските регулатори за електронски комуникации (BEREC), објавено во 2021 година.

СМС сепак не е поразен во одредени делови од светот, како што се Нигерија и најнаселените држави во Африка. Во 2021 година во Африка биле испратени речиси 10 милијарди СМС пораки, што е за 15% повеќе во споредба со претходната година, гласи извештајот на Нигериската комисија за комуникации.

И покрај поголемиот дел од Нигеријците поседуваат мобилен телефон, 44% од нив лани имале пристап кон интернет. Цената на една СМС порака изнесувала 0,008 евра, додека интернетот е 1 евро за 2GB. Затоа СМС пораките се исплатливи во таа земја, во која што речиси секој втор жител живее со помалку од 2 долара на ден. 

СМС поборниците го сметаат СМС како неопходна алатка за проверка на идентитет и безбедност, од пристап на банкарска сметка на интернет до потврда за примање на пошта, како и испраќање на резултати од тестовите за COVID-19.

СМС е еден од двата моќни задолжителни канали за предупредување на населението за природна катастрофа, индустриска катастрофа, здравствени кризи и тероризам, вели Марк-Антоан Дупуи, како што е француската услуга FR-Alert.

Втор доказ за виталноста на СМС е експлозијата од промотивни пораки и пораки за извршување на трансакција, кои што во 2023 година во светот треба да реализираат приход од над 50 милијарди американски долари, според проценките на консултантската компанија Juniper Research.

СМС се поврзува со плаќањето за телевизиски игри или добротворни акции, а имаат и потенцијал за развој како дигитален канал за мобилни плаќања во земјите во развој, особено во Африка, вели Жан Мишел-Хует. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.