Ако ви го хакираат Instagram, може да го вратите профилот вака

Објавено на 18.12.2022 20:03 во Рецензија


Ако ви го хакираат Instagram, може да го вратите профилот вака

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Нов центар со софистициран начин за идентификување на вашиот изгубен профил;
+ Лесен и ефикасен иновативен начин за хакирани профили;

 

Negatives:



Целата рецензија

Instagram ја претстави новата услуга што може да им помогне на сите корисници, што биле на мета на хакери, поради што останале без своите профили. Ова може да им помогне и на онеи што едноставно ги заборавиле своите лозинки или кориснички имиња.

Оваа услуга официјално нема име, во Instagram ја нарекуваат „центар за хакирани профили“. Главната задача на оваа функција е да им помогне на корисниците да го вратат надзорот над нивните профили. Корисниците со години се жалат дека нивните профили на Instagram одеднаш се блокирани или насилно преземени, без да добијат соодветна помош од корисничката служба на Instagram. Сега со помош на компанијата ќе може да се врати профилот.

Во новиот „центар“ корисниците ќе имаат детален водич со чекори за враќање на нивните профили. Тоа важи за промена на стари и заборавени лозинки, за дво-степенски автенфикации, па се до остварување на пристапот кон исклучените и блокираните профили.

„Знаеме дека губењето на профилот на Instagram може да биде стресен. затоа сакаме да ве обезбедиме со оваа опција за да може да ги вратите своите профили“, гласи соопштението на официјалниот блог на Instagram.

Со тоа што ќе им се помогне на корисниците што сакаат да ги вратат своите профили, Instagram воведува и некои можности со цел тие профили да ги направат побезбедни. Така корисниците, исто како и на Facebook, ќе може да ги одберат своите пријатели од доверба, кои потоа ќе гарантираат за нив ако дојде до проблеми со пристапот кон профилот.

Освен тоа, Instagram тестира неколку начини за спречување на хакирање на профилот. Пред се, автоматизираниот систем на Instagram ќе ги отстрани профилите за кои што ќе се утврди дека се злонамерни, како што се на пример профилите што ги копираат или имитираат другите корисници. Ќе биде испратено соопштение за корисниците доколку се открие профил што се претставува како некој друг, што ќе се обиде да го следи корисникот. Исто така, ќе биде воведено и предупредување за корисниците, доколку лажниот профил на Instagram од некоја компанија или бренд ќе се обиде да испрати директна порака.

Како дополнителна мерка за заштита ќе се прикажува и сина значка што означува проверени и верификувани профили. Така корисниците полесно ќе може да забележат лажни профили. Таквите сини значки се видливи од профилите, стори и приватните пораки, а наскоро ќе бидат видливи и на сите останати објави на Instagram.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.