Netflix рекламите ќе бидат „смрт на идејата за стриминг“

Објавено на 21.12.2022 07:00 во Рецензија


Netflix рекламите ќе бидат „смрт на идејата за стриминг“

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Поевтинување на услугата благодарение на рекламите;

 

Negatives:

- Рекламите се смрт на суштината на стриминг услугата;



Целата рецензија

Netflix со години се преправаше дека не знае дека милиони негови корисници ги споделуваат неговите кориснички шифри со други корисници. Сега поради конкуренцијата сака да ги примора корисниците да го платат и тоа. Наскоро ќе стане невозможно да се споделуваат шифри со други за Netflix, Disney и други слични платформи?

Таквата пракса беше непријатна кога филмовите беа на физичките медиуми. Да се позајмуваат VHS ленти не беше практично, а кога ги купувавме беа скапи. Кога дававме лента со филм на неа, требаше да се погрижиме и да ни ја вратат. Доаѓањето на DVD и Blu-Ray дискови не промени ништо. Во добата на стриминг, споделувањето е многу полесно. Ако имате претплата за некоја стриминг платформа можете во теорија да дадете шифра на некој друг без проблем.

Причините за споделување се очигледни, кога повеќе луѓе користат една претплата, за тоа нема да треба да се трудите воопшто и заштедувате. Спротивно од физичките медиуми, нема рестрикции за споделување на шифри, затоа што не можете ниту да позајмите ништо што после би ви недостасувало.

Споделувањето може да спречи фамилијарна расправија или расправија меѓу цимери, затоа што не можете да се договорите што ќе гледате. 

Правила

Луѓето што живеат заедно смеат да делат еден стриминг профил. Такви се условите за користење на повеќето платформи. Се разбира, стриминг платформите знаат и да не ги почитуваат сите тие правила. Стриминг сервисите обично велат дека нивната содржина смее да се гледа само на уреди во сопствената куќа на претплатникот и дека споделувањето на шифрите со трети страни е забрането.

Netflix сега е еден чекор напред, затоа што од август 2022 година, тестира наплата со стриминг на дополнителни телевизори. Тестот што е прво спроведен во пет средно-американски и јужно-американски држави, би требало да биде проширен и кај другите земји. Истовремено, од март 2022 година, уште три латино-американски земји добија опција за додавање на „под-профил“, најмногу за двајца луѓе надвор од домаќинството. 

Според мислењето на медиумскиот експерт, Герд Халенберг, тоа е „повеќе или помалку, неволно прифаќање на пракса за користење, која што Netflix и онака не може да ја спречи“.

Добро е познато дека може да бидете пријавени само на ограничен број на уреди истовремено. Новитет е тоа што Netflix сега ги детектира IP адресите и ID уредот во пилот проектот во Средна и Јужна америка, со цел да го детектира кршењето на правилата. Таквото следење на локациите и уредот не би било дозволено во секоја земја поради правилата за заштита на податоци.

Дури и ако корисниците ги кршат правилата за користење на услугата во платформата, не го прекршуваат законот. Најмногу што Netflix може да направи е да поднесе граѓанска тужба за надополнување на штетата. Меѓутоа, според медиумскиот советник Северин Риеменшнајдер, таквите тужби се „неисплатливи“  и ќе резултираат со „голем губиток од угледот“.

Со рекламите тоа веќе не е стриминг

Честата пракса за споделување на профили, има финансиски последици за корисниците, според медиумскиот професор Маркус Клејнер. „Тоа е затоа што се плаќа со повисока цена на претплата. Несигурната финансиска ситуација во стримингот е очигледна“, вели тој.

Големиот број на стриминг сервиси оваа година ја зголеми цената на претплатата. Истовремено се појавуваат модели за финансирање со реклами. Amazon на пример, лансираше бесплатен стриминг сервис Freevee, кој што се потпира на рекламирање. Стримингот така станува се повеќе сличен на традиционалната телевизија, вели Клејнер.

Според неговото мислење, „рекламирањето е смрт на идејата за стриминг“. Netflix и покрај тоа го пробува тој пат и воведува прифатлива претплата со реклами. Кон тоа треба да се додаде уште една мерка за ограничување на споделување на профили и да се продаваат се повеќе платени претплати. Со тоа, со цел да ги примора луѓето што користат споделувана шифра да платат, Netflix им дозволува на корисниците да го извезат својот профил со својата историја на гледање и списокот за да отворат сопствен профил.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.