Лозинките заминуваат во историјата, Google воведе дво-степена идентификација

Објавено на 23.12.2022 06:44 во Рецензија


Лозинките заминуваат во историјата, Google воведе дво-степена идентификација

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Зголемена заштита од phishing напади;

 

Negatives:



Целата рецензија

Начинот на кој што ги штитиме нашите приватни податоци на интернет се променија во текот на годината. Почна со класични лозинки, во кои што се користеле само броеви и букви, додека денес се применува дво-степена автентификација и биометрија како дополнителен слој на заштита, со кој што ги штитиме нашите мејлови, бројни приватни податоци меморирани во облак, пристап кон социјалните мрежи и комуникациски платформи.

Корисниците се уште применвуаат слаби лозинки за вклучување на интернет, што значи дека не се користат сите предности за заштита на своите податоци на интернет. Често се користат слаби лозинки, кои што хакерите може лесно да ги пробијат, односно кои што веќе протекле на интернет и може да се пронајдат во хакерските бази и да се поврзаат со мејл адресите на корисниците, што на хакерите им ги отвара вратите на онлајн сервисите и социјалните мрежи на бројни корисници.

Покрај споменатото, постои уште побезбеден начин за заштита на податоците, кои што сега многумина би можеле да почнат да ги користат. Станува збор за таканаречено посебно пристапни клучеви (passkey), кои што Google ги претстави со последната верзија на својот прелистувач за интернет страници, Chrome, за Windows, Mac и Android. На некои технолошки страници таквиот вид на заштита се нарекува „убиец на лозинки“ и станува збор за значително побезбедна замена на лозинката и други автентификациски фактори што може да бидат злоупотребени при phishing напад, велат од Google.

Тие се посигурни, зато ашто не може повеќе пати да се користат и не може да ги фатат хакерите во одредени случаи со некој безбедносен пропуст, кога лозинките за сервиси протекоа на мрежата и ги штитат корисниците од phishing напади.

Нивното користење е едноставно и слично на начин што корисниците ги отклучуваат своите телефони. Значи, со пристапот кон одреден сервис, без разлика дали станува збор за мејлови, социјални мрежи и слично, корисниците веќе нема да мораат да ги запишуваат лозинките, туку автентификацијата ќе се одвива преку телефон. Како што објаснуваат на PC World, passkey не е класична лозинка, туку претставува токен мемориран на телефонот, кој што комуницира со страницата или апликацијата, преку која што корисниците се обидуваат да пристапат. Така никаква лозинка не се употребува и нема страв дека некој би можел да дојде до таквата лозинка и да ја злоупотреби за пристап кон личните податоци на мрежата.

Принципот на користење на таква заштита е сличен како и кај некои банкарски апликации, на кои што мора да се внесе шифрата на телефонот за да може да се пристапи кон апликацијата. Така се применува биометријата, само што овој начин на заштита би можел да се искористи за пристап кон интернет страниците, на кои што би им биле заменети лозинките и за пристап кон апликации.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.