Топ 3 смартфони што ќе ги врамат вашите најдобри моменти од новогодишната ноќ

Објавено на 27.12.2022 20:54 во Рецензија


Топ 3 смартфони што ќе ги врамат вашите најдобри моменти од новогодишната ноќ

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Квалитетна фотографија;
+ Квалитетно видео;
+ Можност за беспрекорно фотографирање и снимање ноќе;

 

Negatives:



Целата рецензија

Во годината имаме 365 денови, но еден ден е најважен - новогодишната ноќ. За време на празниците сите сме свртени кон семејството и сме фокусирани на колачиња, подароци и семејна атмосфера. Новогодишната ноќ е времето со најдобри прослави, нови одлуки и забава. Тоа е вечерта кога многу од нас внимателно ја одбираат својата облека, планираат, спремаат забава или патуваат до некое возбудливо или популарно место. Сеќавањата се убав начин да искусиме некои од најзабавните моменти и забави, а добрите фотографии ни овозможуваат да дадеме дух на новогодишната ноќ. Токму затоа Samsung Galaxy S22 серијата на смартфони е тоа што ви треба: Galaxy S22, S22+ и Galaxy S22 Ultra. Сите три модели се опремени со врвни камери, со кои што може да бидете сигурни дека ќе ги фатите сите важни моменти, дури и во мрачни услови.

Фатете ги најдобрите моменти во новогодишната ноќ

За многумина од нас камерите се еден од најважните сегменти на нашите смартфони. Тие ни овозможуваат да креираме врвни фотографии во секој момент и да бидеме спремни за секоја планирана и непланирана фотографија. Samsung Galaxy S22 серијата на смартфони со бројни одлични и иновативни спецификации, може да се пофали и со моќните камери, вклопени во елегантниот дизајн на S22 серијата.

Galaxy S22 Ultra, предводникот на S22 серијата, од задната страна има дури четири камери, а главната е опремена со 108MP сензор со фазен и ласерски автофокус, објектив со OIS стабилизација. Galaxy S22 Ultra има уште две оптички стабилизирани телефото камери со 10MP сензори, при што едната нуди 3x, а другата 10x оптички зум. Со овој телефон ништо не е предалеку. Четвртата камера од 12MP е ултра-широка камера, која што овозможува изразито широк кадар, кога во него треба да се смести цело друштво или да се опфати целата просторија, со цел на фотографијата да бидат фатени сите сијалички и лампиони.

Galaxy S22 Ultra ја применува таа камера и за фантастични макро фотографии со само неколку сантиметри од предметот, што може да биде совршено во моментот кога фотографирате некој интересен детал. Острите и јасни фотографии и видеа креирани со Galaxy S22, може да ги снимате и дење и ноќе. Тоа е одличен начин за зачувување на искуствата што ве инспирирале, кои што преку фотографии и видеа можете повторно да ги проживеете. Со најголемиот сензор за пиксели, камерата на овој смартфон овозможува на објективите да обработат повеќе светло и податоци, со цел да добиете спектакуларни и детални фотографии и видеа.

Камерата овозможува зголемување на светлоста или затемнување на фотографијата, да го прилагоди балансот на белата боја за потопли или поладни тонови на фотографиите, како и рачно да го фокусираат главниот дел на кадарот. Со тоа Vision Booster технологијата дава можност за вашиот смартфон интелигентно да го прилагоди нивото на светлината, со цел на екранот секогаш да може да го гледате на оптимално ниво – без разлика какво ви е позадинското осветлување.

Секој што преку објективот на камерата посакал да направи фото колаж на забавата или ноќната забава, знае една работа - фотографирање ноќе или во мрачни услови и не е баш најлесно. Додека ноќе често имаме предизвик за фотографирање, Galaxy S22 смартфоните немаат воопшто никаков проблем во овие услови. Со опцијата Nightography, Galaxy S22 моделите со помош на вештачката интелигенција, можат да креираат повеќе фотографии одеднаш. кои потоа интелигентно ги комбинираат кадрите и ја извлекуваат максималната светлост од кадарот и деталите со цел вашите ноќни фотографии да се исполнат со јасни детали и бои.

Со тоа, овие смартфони се изработени од Armor Aluminum материјал, најцврстата алуминиумска рамка и опремени се со најновиот Corning Gorilla Glass Victus+ заштитно стакло, кое што ги заштитува уредите од гребање и случајни падови од предната и задната страна, што е дефинитивно предност во ситуации како што се неконтролираните забави, каде што лесно може да се случи телефонот случајно да падне.

Врвните смартфони се одличен избор во било кое годишно време, но во ова волшебно време имате една причина повеќе да купите сега. Сезоната со подароци се идеална прилика за да си подарите себеси и на најмилите нови Galaxy Z Flip4 или Galaxy Z Fold4.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.