Samsung OLED: Живоста и јасноста на новата технологија за телевизори

Објавено на 30.12.2022 11:00 во Рецензија


Samsung OLED: Живоста и јасноста на новата технологија за телевизори

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Нова и побрза технологија;
+ OLED панелот овозможува остра, брза, флуидна слика, полна со бои;

 

Negatives:



Целата рецензија

Катодна цевка, пиксели, HD, 4k, плазма, LCD и на крајот OLED. Во светот на телевизорите се среќаваме со бројни термини и зборови, кои што ни наложуваат како еден телевизор функционира. OLED телевизорите на пример, функционираат со технологија со органски светлечки диоди. На кратко, OLED сам по себе започна револуција во светот на телевизорите, особено затоа што е возможно да се управува буквално со секој пиксел на екранот, со цел да приказот да има подлабоки бои и живост, преку тенок дизајн.

OLED технологијата троши значително мала количина на енергија со широк агол на гледање, така што никој од фамилијата нема проблеми ако гледа филм од работ на каучот. Иновативниот Samsung OLED телевизор, кој со своето доаѓање предизвика голем интерес во светот на технологијата, благодарение на одличната комбинација со квалитет на приказ, звук и дополнителни можности. Што е толку посебно кај овој телевизор?

Елегантен дизајн и врвни перформанси

Како што сите телевизори денес се со тенок дизајн со мали рамки, сите ни се чинат исти. Samsung е поинаков, неговиот OLED се одликува со Laser Slim дизајн со јасни линии и минималистички рамки. Страничниот профил е исклучително тенок со цел да се вклопи во просторот на било кое уредување, дури и во дневниот престој, полн со уреди.

Приказот е најважната ставка на телевизорот. Уште при првото вклучување, се забележува дека нивото на црни бои се длабоки со изразен контраст, па целото искуство за гледање на филмови и серии добива уште еден уметнички впечаток. Благодарение на Quantum DOT технологијата, приказот е природно шарен и светол, додека Neo Quantum 4K процесорот во позадина има загарантирана јасност и прецизност. Интересно е тоа што Samsung OLED технологијата лесно ги одбива светлосните пречки во просторот, од сијалицата на пример или нешто друго. Воопшто нема никаков отсјај, нешто што на сите ни пречи кога гледаме во телевизорот со дигнати завеси.

Со врвното искуство за гледање на телевизија, исклучително е важно дека има супер квалитет на приказот, за да има и одлични можности на звучниците. Со Samsung OLED телевизорот, нема колебање околу тоа. Реалистичниот 3D звук ја следи работата што се случува во вашите филмови. Ако одлучите да пробате некој од иновативните Samsung саунд-барови, се активира и иновативната Q-Symphony технологија, која што на уникатен начин создава синергија на звучниците на телевизорот и самиот саунд-бар за потполно сараунд искуство.

Иновативната технологија на приказ во комбинација со прекрасните звучни ефекти овозможува се што е потребно за секој корисник, без оглед дали е tech-wiz или некој што малку го интересира технологија. За повеќе информации за Samsung OLED телевизорите и другите Samsung производи, кликнете на веб страницата https://www.samsung.com/mk/

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.